врати се на Слободен Печат

Пребарај некролози

СЕЌАВАЊЕ

ЉУБИЦА КОРУНОВСКА

На ден 24.4.2024 година се навршуваат 7 години како Ти го остави своето гнездо кое Ти го створи, во него испили пилиња, ги израсте и образува, кога требаше да се радуваш на нивните успеси Ти замина, не се врати и никогаш нема да се вратиш, оставајќи ги своите мили да тагуваат и жалат по Тебе.

Мила Љубице, твоето гнездо се намножи со повеќе пилиња и во него има радост и веселба,

и повремено сеќавање на Тебе.

Твојата слика и Твојот дух стојат на масата во дневната соба опкружени со свежи цвеќиња. Цвеќето кое Ти го купи, ја прегрнало Твојата слика во спалната соба и цврсто ја чува.

Твојот вечен дом го посетуваме секој празник и секој викенд. Носиме цвеќе, палиме свеќа, ја бакнуваме Твојата слика на каменот и очекуваме да се појавиш да Те видиме.

Со насолзени очи и нажалено срце заминуваме со мисла дека идниот викенд ќе те видиме.

Почивај во мир, мила и сакана Љубица

ПОМЕН
На 23.4.2024 година се навршуваат 5 години од смртта на

ОЛГА НЕЛКОВСКА

2019-2024

Секогаш ќе бидеш присутна во нашите мисли.

Синовите Страшо и Мирчо Нелковски со фамилиите

ПОСЛЕДЕН ПОЗДРАВ

РИСТО ДАУТОВСКИ

Последен поздрав од братот Митко, снаата Вера, со ќерките Гордана и Марија

СЕЌАВАЊЕ

БЛАГОЈА ПЕТРОВСКИ-БАЛА

(2005-2024)

Засекогаш во нашите срца и мисли

од семејството

ЖАЛНА ВЕСТ

Со неизмерна болка и длабока тага им соопштуваме на сите роднини и пријатели дека на ден 17.4.2024 почина нашиот сакан сопруг, татко и дедо

МИЛОРАД ЛУЕВСКИ

1942-2024

Кон вечното почивалиште ќе го испратиме на 19.4.2024 во 11 :30 часот на Градските гробишта Бутел.

Неутешни

сопругата Мими, синот Марко и ќерката Маријана со семејствата

ПОСЛЕДЕН ПОЗДРАВ

АНТОН АНДОВ

Со најубави спомени на нашиот почитуван колега.

Од колегите од „25 минути“

Ива, Пеце, Тони и Гала

ПОСЛЕДЕН ПОЗДРАВ

до нашиот сопруг, татко, син, брат, зет, пријател

АНТОН АНДОВ

Смртта не е кога умираш, смртта е кога љубиш некого а без него остануваш.

На 18.4.2024г. ќе го испратиме нашиот сакан на гробишта Бутел во капела од 12 до 13 часот.

Од сопругата Емилија, ќерката Андреаана и синот Дарјан.

ПОСЛЕДЕН ПОЗДРАВ

До нашиот драг и почитуван колега

АНТОН АНДОВ

Почивај во мир.

Од колегите од „Слободен печат“

ЖАЛНА ВЕСТ

МИЦКОСКИ ЈОШКО

1943-2024

Догледање другар, догледање.

Сеуште тврдам и пак ти велам дека еден ден во непозната иднина, пак вино ќе пиеме.

Дотогаш мирно спиј.

Твојот другар и кум Васко со Савче

ПОСЛЕДЕН ПОЗДРАВ

на нашиот другар и пријател

ЕФРЕМ КОСТОВ- ЕЧО

ВЕЧНА МУ СЛАВА

Т. Нацевски, Г.Пупакоски, Б. Зарески, И. Дамјански, Ж. Кондев, Б.Самакоски, Д.Бојчев,

Љ. Арсовски, Д.Андрески, С. Киреј, Ј. Андрески