врати се на Слободен Печат

Пребарај некролози

ПОСЛЕДЕН ПОЗДРАВ

АСЕНОВ МИЛОЈЧО

1954-2022

Триесет и седум години заедништво, љубов, искреност. Заедно сите пречки во животот ги совладувавме, заедно тагуваваме и се радуваваме.

А сега мој Мики остави бол, тага и солзи.

Нека ти е светол и отворен патот на крилјата на ангелите кон небесните височини.

Пронајди некое друго достојно место за живеење и нашите души повторно ќе се заедно.

Почивај во мир.

Твојата сопруга Марија Саболиќ Асенова

ПОСЛЕДЕН ПОЗДРАВ

на нашиот другар

СЕРАФИМ ФИМЧО МУРАТОВСКИ

Од неговите другари Андреа Герасимовски и Благоја Иванов

ПОСЛЕДЕН ПОЗДРАВ

на нашата сопруга, мајка, баба и прабаба

ДОСТА ПЕТРЕВСКА

на 86 години

Со многу љубов од семејството Петревски

ПОСЛЕДЕН ПОЗДРАВ

СЕРАФИМ ФИМЧО МУРАТОВСКИ

(1931-2022)

споменот на твојата мила и благородна душа ќе остане засекогаш со нас

Со љубов и почит,

твоите најмили

ЖАЛНА ВЕСТ

ЕЛЕОНОРА

1932-2022

Беше осамена бела бреза во пуста пустелија,

Во Твоите очи бликаше радоста на птиците,

во насмевката ја откриваше ведрината на небото

а гласот Ти беше клокот на бисерен кладенец.

Од Твоите нежни дланки извираше дарежливост со љубов,

бдееше и трепереше над тагата на несреќните,

Беше како преплашена срна изгубена во шумите

а го знаеше патот и спасот на другите,

Копнееше за убавите соништа на сите,

а само Твојот сон беше тажна тајна

Живееше за да живеат другите,

ја делеше радоста и тагата

како што лебецот се дели на гладната софра.

Беше создадена за да создаваш добрини,

Дарежливоста ти беше смисла на живеењето –

се беше за другите!

Само болките на Твоето уморно тело

и скриената  тага  во душата

Беа Твои!

 

Рики

СЕЌАВАЊЕ

сликарот МИЛЕ КОРУБИН

22 ГОДИНИ

13.9.2000-2022

Со љубов, благодарност и почит се сеќаваме на Тебе. Споменот за тебе не исполнува со многу прекрасни чувства. Благодариме за нежноста, грижата и се што направи за нас, вечно ќе останеш во нашите срца и мисли.

Со љубов, почит и непребол од семејството

 

ЖАЛНА ВЕСТ

На 8.9.2022 година почина нашиот дедо и татко

ЖИВКО ПЕТРУШЕВСКИ

(1930-2022)

Почивај во мир.

Од семејството

ЖАЛНА ВЕСТ

На 5.9.2022 година почина нашиот сакан

ЛАЗАР ДАНОВ

(1950-2022)

Со љубов, од семејството Данови

ЖАЛНА ВЕСТ

На 2-ри септември почина нашата најсакана мајка, баба и свекрва Емилија

ЕМИЛИЈА ДАМЈАНОВИЌ

(1948 - 2022)

Почивај во мир, вечно ќе си со нас.

Од семејството

ЖАЛНА ВЕСТ

На 6-ти август 2022 година почина нашиот татко, сопруг, брат и кум

ИВАН ТОПАЛОВСКИ

Од Скопје

Погребот ќе се одржи на 4-ти септември 2022 година во 10 часот на Градските гробишта Бутел.

Почивај во мир.

Од семејството