Пребарај некролози
ПОСЛЕДЕН ПОЗДРАВ
СЕРАФИМ ФИМЧО МУРАТОВСКИ
(1931-2022)
споменот на твојата мила и благородна душа ќе остане засекогаш со нас
Со љубов и почит,
твоите најмили
ЖАЛНА ВЕСТ
ЕЛЕОНОРА
1932-2022
Беше осамена бела бреза во пуста пустелија,
Во Твоите очи бликаше радоста на птиците,
во насмевката ја откриваше ведрината на небото
а гласот Ти беше клокот на бисерен кладенец.
Од Твоите нежни дланки извираше дарежливост со љубов,
бдееше и трепереше над тагата на несреќните,
Беше како преплашена срна изгубена во шумите
а го знаеше патот и спасот на другите,
Копнееше за убавите соништа на сите,
а само Твојот сон беше тажна тајна
Живееше за да живеат другите,
ја делеше радоста и тагата
како што лебецот се дели на гладната софра.
Беше создадена за да создаваш добрини,
Дарежливоста ти беше смисла на живеењето –
се беше за другите!
Само болките на Твоето уморно тело
и скриената тага во душата
Беа Твои!
Рики
СЕЌАВАЊЕ
сликарот МИЛЕ КОРУБИН
22 ГОДИНИ
13.9.2000-2022
Со љубов, благодарност и почит се сеќаваме на Тебе. Споменот за тебе не исполнува со многу прекрасни чувства. Благодариме за нежноста, грижата и се што направи за нас, вечно ќе останеш во нашите срца и мисли.
Со љубов, почит и непребол од семејството
ЖАЛНА ВЕСТ
На 8.9.2022 година почина нашиот дедо и татко
ЖИВКО ПЕТРУШЕВСКИ
(1930-2022)
Почивај во мир.
Од семејството
ЖАЛНА ВЕСТ
На 5.9.2022 година почина нашиот сакан
ЛАЗАР ДАНОВ
(1950-2022)
Со љубов, од семејството Данови
ЖАЛНА ВЕСТ
На 2-ри септември почина нашата најсакана мајка, баба и свекрва Емилија
ЕМИЛИЈА ДАМЈАНОВИЌ
(1948 - 2022)
Почивај во мир, вечно ќе си со нас.
Од семејството
ЖАЛНА ВЕСТ
На 6-ти август 2022 година почина нашиот татко, сопруг, брат и кум
ИВАН ТОПАЛОВСКИ
Од Скопје
Погребот ќе се одржи на 4-ти септември 2022 година во 10 часот на Градските гробишта Бутел.
Почивај во мир.
Од семејството
ПОСЛЕДЕН ПОЗДРАВ
на нашиот драг пријател и колега
ЉУПЧО АЛЧЕВСКИ
Почивај во мир пријателе.
Од Никола и Љиљана Петковски
ПОСЛЕДЕН ПОЗДРАВ
ЉУПЧО АЛЧЕВСКИ
1948-2022
Почивај во мир Директоре!!!
Од другарите
ПОСЛЕДЕН ПОЗДРАВ
Со длабока жал ги известуваме сите роднини и пријатели дека нашиот татко и сопруг
ЉУПЧО АЛЧЕВСКИ
1948-2022
Ненадејно почина на ден 29.8.2022г. Погребот ке се изврши во среда, на 31.8.2022 на гробиштата во Бутел во 10часот.
Засекогаш ќе живееш во нашите срца и мисли. Почивај во мир.
Од сопругата Рокса, ќерката Маргарита и синот Коста.