врати се на Слободен Печат

Пребарај некролози

ПОСЛЕДЕН ПОЗДРАВ

до нашиот сакан брат и вујко

АНТОНИО ЛАЗАРОВ

Голема е болката за загубата на добар човек како Тебе, Доне.

Спомените засекогаш ќе останат во нашите срца и мисли.

Почивај во мир. Искрено сочувство до семејството Лазарови.

Со почит сестрата Ленче Мојсова со семејството

ПОСЛЕДЕН ПОЗДРАВ

до мојот колега и другар

ФИЛИП СТОЈАНОВСКИ

Почивај во мир драг пријателе.

Никола Петковски

СЕЌАВАЊЕ

ЛАЗО ПЛАВЕВСКИ

Почивај во мир.

Продолжуваш да живееш во нашите сеќавања.

Твоите Горде, Вера и Марга со семејствата

ЖАЛНА ВЕСТ

Ненадејно се разделуваме од нашиот драг соработник, сојузник и пријател

ГОРАН ЛАЗАРЕВСКИ

Горан беше претседател на Управниот одбор на Конект и соработник на низа трудови и активности.

Сочувствуваме со ужаленото семејство и широк круг професионалци. Ќе го паметиме и останеме благодарни за мудрите совети, трудољубивоста и прекрасниот хумор.

Здружение Конект Скопје

ПОСЛЕДЕН ПОЗДРАВ

Упатуваме најдлабоко сочувство до почитуваното семејство на

АНТОВСКИ САЗДО

1952-2023

Со кого не поврзуваат најубави спомени уште од времето кога бевме во униформи плави-сите весели и здрави.

Од другарите и другарките од генерација Ј Б Тито 1971

 

Последен поздрав

До нашиот зет, баџанак и тетин

Професор Доктор МИШО ХРИСТОВСКИ

Од семејството Николовски

ПОСЛЕДЕН ПОЗДРАВ

На нашиот сакан брат и чичко

ЗЛАТКО АНДРЕЕВ

1945-2023

Почивај во мир! Секогаш во нашите спомени и мисли.

Борко и Кика со семејството

ЖАЛНА ВЕСТ

  Универзитет ,,Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, Економски факултет – Скопје, со голема тага ја известува академската зедница, како и сите деловни пријатели и соработници дека на ден 23.2.2023 година, почина нашата истакната и ценета редовен професор во пензија

Проф. д-р СНЕЖАНА ПЛАВШИЌ

Со нејзината смрт, Факултетот изгуби ценета и призната професорка, која со својот труд и залагање придонесе за поголема препознатливост на Економскиот факултет – Скопје, како високообразовна институција во земјата и надвор од неа.

Нејзиниот лик на беспрекорна професорка ќе остане во трајно сеќавање.

Универзитет ,,Св. Кирил и Методиј“ во Скопје                                                                                  Економски факултет – Скопје

ПОСЛЕДЕН ПОЗДРАВ

Ја загубивме нашата сакана Бека

Др. РАДМИЛА ХРИСОХО

Нејзината животна радост ќе остане наша инспирација.

Семејство Скерлев

 

ПОСЛЕДЕН ПОЗДРАВ

На нашата мајка, баба, прабаба и свекрва

ЉИЉАНА НИКОЛОВСКА

Почивај во мир најдрага наша.

Од синот Златко, снаата Кате, внуците Бојан и Ема, зетот Бојан и правнуката Бора.