врати се на Слободен Печат

ТАЖЕН ПОМЕН

На 24.10.2026 година се навршуваат шест години откако нé напушти нашиот драг

ТОМЕ ДРАКУЛЕВСКИ

По тој повод семејството ќе положи свежо цвеќе на неговиот вечен дом.

Почивај во мир.

Сопругата Иванка, синовите Слободан и Љубомир со семејствата

ГОДИШЕН ПОМЕН

На 28.10.2026 се навршува една година без нашиот сакан сопруг, татко, свекор и дедо

АЛЕКСАНДАР ЈАНЧИЌ

28.10.2025-28.10.2026

По тој повод на 24.10.2026 во 12 часот ќе го посетиме неговиот вечен дом и ќе положиме свежо цвеќе.

Секогаш во нашите мисли.

Со вечна ЉУБОВ, ГОРДОСТ И БЛАГОДАРНОСТ.

Од фамилијата

СЕЌАВАЊЕ

На 24.10 се навршуваат три години без нашиот сакан сопруг, татко и дедо

ТИХОМИР ДИМИТРИЕВСКИ

Засекогаш останува во нашите срца, мисли и спомени.

Почивај во мир.

Од семејството Димитриевски

Во сеќавање на

Сандра Китаноска

20 години без тебе

Дваесет години семејни радости со едно празно место и безброј мигови во кои болно ни недостигаш. И по 20 години, најболно е тоа што никогаш повеќе нема да те прегрнеме.На 20.10.2026г. ќе го посетиме твојот вечен дом, со истата љубов и со истата болка што времето не ја однесе.

Твоите мама Милка, тато Мишо, сестрата Билјана, зетот Живко и двете внуки Бисера и Деница.

 

ПЕТНАЕСЕТ ГОДИШЕН ПОМЕН

Проф.ПЕТАР МЛАДЕНОВИЌ

1924-2011

Беа и останаа ѕвезда водилка во мојот живот.

102 години од нивното раѓање.

ДРАГАНА

ПЕТНАЕСЕТ ГОДИШЕН ПОМЕН

РАДМИЛА МЛАДЕНОВИЌ

1924-2011

Беа и останаа ѕвезда водилка во мојот живот.

102 години од нивното раѓање.

ДРАГАНА

СЕЌАВАЊЕ

Две години од заминувањето на нашиот сакан татко, дедо и сопруг

ЗЛАТЕ КОЦЕВСКИ

(1952 – 2024)

Поминаа две години откако не си со нас, но спомените, љубовта и празнината што ја остави остануваат.

Времето минува, но сеќавањето за тебе не избледува.

Засекогаш ќе живееш во нашите срца.

Со љубов и почит,

Семејство Коцевски

ТАЖЕН ПОМЕН

Измина една година откако почина нашиот сакан татко, дедо и прадедо

ДРАГАН ЈАЊАТОВ

По тој повод ќе му оддадеме почит и ќе положиме цвеќе на неговото почивалиште на гробиштата во Бутел во недела (18.10.2026) во 11.00 часот.

Вечен спомен и спокој!

Семејството

ЖАЛНА ВЕСТ

Ги известуваме нашите роднини и пријатели дека почина нашиот сакан и почитуван

татко и дедо

Проф. ЖИВКО ВУЕВСКИ

1934-2026

Ќе се сеќаваме на тебе и ти благодариме.

Почувај во мир.

Од Златко, Лиле, Маја, Никита, Бојан, Наде, Љупчо, Ема и Борис

СЕЌАВАЊЕ

На 13.10.2026 год. навршуваат пет години без нашиот сакан

М-р СТЕВАН ОГНЕНОВСКИ

Годините минуваат,

празнината без тебе останува.

Каде и да сме, ти си тука,

во нашите мисли, чувства, постапки.

Бескрајно те љубиме.

Почивај во мир!

Сопругата Маргарита со семејството

ТАЖЕН ПОМЕН

Поминува една година без нашата сакана мајка

прим.др. НАДА СКЕРЛЕВ

Остави голема празнина  и трајни  сеќавања за еден  живот исполнет со љубов, почит и хуманост за сите кои што ја знаеја.

Беше нашата  инспирација  и гордост.

Од Жанета и Андриана со Борче и Драгољуб

СЕЌАВАЊЕ

ЗОРИЦА ПЕТРОВСКА

     2013-2026

Од семејството

ЕДНА ГОДИНА НЕПРЕБОЛ

МИЛКА ПЕТРОВСКА

1942-2025

Многу ми недостасуваш, утеха нема.

Саканите не умираат.

Твојата сестра Мирјана со фамилијата Пејчиновски

СЕЌАВАЊЕ

на нашата сакана сопруга, мајка и баба

ЛИЛЈАНА ЃУРОВСКА

родена Брсаковска

5.10.2006-5.10.2026

Со љубов и гордост се сеќаваме на тебе.

Сопругот Ѓорѓи и ќерките Весна и Светлана со семејствата

СЕЌАВАЊЕ

Во октомври 2026 година, се навршуваат 6 години од смртта на

НИКОЛИНА ЦВЕТКОВСКА

(1943 - 2020)

Од братот Стојчо Спасов со семејството од Кочани

ЖАЛНА ВЕСТ

Со неискажлива болка известуваме дека почина нашата сакана

ИСКРА ПОПОВА НИКОЛОВСКА

8.3.1961 – 29.9.2026

Погребот ќе се одржи на 2.10.2026 година, со почеток во 12:00 часот, на Градските гробишта Бутел.

Со почит и благодарност за сè што направи за нас.

Нека ѝ е вечен споменот.

Последен поздрав од децата Сергеј, Марија, Михаил Попови и сопругот Киро Николовски

ЖАЛНА ВЕСТ

Со неизмерна тага и болка ги известуваме сите роднини и пријатели дека по тешко боледување на 84-годишна возраст на 26.9.2026 година почина нашиот бескрајно сакан сопруг, татко, дедо и свекор

Проф. д-р НОВАК ИВАНОВСКИ

Редовен професор во пензија, на Природно-математичкиот факултет-Скопје, на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје

24.12.1941 – 26.09.2026

На патот кон небесното царство ќе го испратиме на 02.10.2026 година (петок).

Посмртните останки ќе бидат изложени во Капела бр. 1 на Градските гробишта во Бутел од 11 до 12 ч.

Твојата пожртвуваност, љубов, добрина и твојот лик, засекогаш ќе живеат во нас и се наш патоказ во животот. Ќе бидеш запаметен како скромен човек, кој си го сакаше семејството и математичката наука.

Почивај во мир.

ВЕЧНА СЛАВА!

Со љубов и почит од семејството

ПЕТГОДИШЕН  ПОМЕН

ЛИЛЈАНА ЈАЌОСКА

Пет години без тебе, а болката и празнината сè уште се тука.

Те нема покрај нас, но живееш во секоја наша мисла,

во секој спомен и во секое срце што те сака.

Засекогаш во нашите срца, никогаш заборавена.

Со неизмерна тага и вечен спомен, од сопругот Душан, синот

Драгољуб, ќерката Александра и ќерката Елена со семејството