ПОМЕН
20 години без тебе, но засекогаш со нас во мислите. Имаш и внуци да знаеш, им кажувам за тебе.
Те сакам Мамо
БИЉАНА МИЉОВСКА МАНУШЕВА
Неда, Филип, Лука и Калин
СЕДУМНАЕСЕТГОДИШЕН ПОМЕН
На ден 8.12.2024 година се навршуваат 17 години од смртта на нашиот сакан син, брат и девер
САША ТАСИЌ
Дипл.маш.инж
Род.1973 год.
СЕЌАВАЊЕ НА НАШИОТ САКАН
На 10.12.2024 година ќе го одбележиме 40 дневниот помен на нашиот сопруг, татко и дедо
РИСТО МАТАКОВ
1940-2024
Поменот ќе се одржи на гробиштата во Ѓорче Петров во 11 часот.
Вечно ќе живее во нашите срца.
Семејство Матакови и Лакински
СЕЌАВАЊЕ
ШИКОВСКИ ИЛИЈА
20 години
2004-2024
Разделбата е болна и тешка ама саканите никогаш не заминуваат, остануваат засекогаш во нашите срца.
Спомените на среќните моменти продолжуваат со внуците, а се надевам дека ќе продолжат со правнуците.
Сопругата, ќерките, зетовците и внуците Јана, Борјан, Илина и Матеа
СЕЌАВАЊЕ
Изминаа седум години од твоето заминување
ПЕТАР ШКРБИНА
Тагата и сеќавањата за тебе остануваат во нашите срца.
Почивај во мир.
Сопругата Македонка, синот Небојша и снаата Светлана
ТАЖНО СЕЌАВАЊЕ
инж. ЃОКО СКЕРЛЕВ
Долги години без него, засекогаш со нас.
Сопругата Нада и ќерките Жанета и Андриана
СЕЌАВАЊЕ
Се навршуваат 12 години од трагичната смрт на нашиот сакан
ДЕНИ
Горди сме што те имавме, вечно ќе живееш во нашите спомени.
Не можевме да те сочуваме од смртта, но ќе те сочуваме од заборавот, бидејќи тие што се сакани никогаш не умираат.
Од семејството
ПЕТГОДИШЕН ПОМЕН
ЗЛАТА КРСТЕВСКА
Споменот на Тебе останува вечно.
Секогаш ќе ги паметиме твоите добрини.
Сопругот Живко, ќерката Славица, зетот Апостол и внуките Сања и Ивана
СЕЌАВАЊЕ
ПЕТРЕСКИ ДИФЕ и АРИКЛИЈА
Од синот Лазо и фамилијата,
внуци:Нада, Цаци и Ѓоко,
Цана, Душко и Зоре И
Славица и Перо
СЕЌАВАЊЕ
Оваа година се навршуваат 14 и 60 години од смртта на моите родители
Нада Спасова (1921-2010) Марко Спасов (1914-1964)
Со почит,
Синот Стојчо Спасов со фамилијата од Кочани
ЕДНОГОДИШЕН ПОМЕН
Се навршува една година откако почина нашиот сакан
ДИМИТАР АНАСТАСОВ
(1937-2023)
По тој повод, поменот ќе се одржи на Градските гробишта Бутел, во недела 1.12.2024 во 11 часот.
Со љубов и почит
сестрата Невена со семејството
ТАЖЕН ПОМЕН
Помина една година откако не напушти мојата сакана сестра
СТЕФКА МЕЛОСКА
1946-2023
Мила Стефче, Многу ни недостасуваш. Иако не си со нас, секојдневно живееш во нашите мисли и срца.
Од сестрата Бети со семејството
НЕПРЕБОЛ
Изминаа три години на неизмерна тага и огромна болка од ненадејната смрт на нашиот сакан син, брат и вујко
СЛАВИША КАЈЕВСКИ
По тој повод на 1.12.2024 во 12 часот ќе го посетиме неговиот вечен дом на гробиштата во с. Орман.
Деновите се нижат, тагата е неизмерна.
Ни одлета така брзо, така нечујно и сеуште не веруваме дека те нема…
Бескрајно ни недостасуваат твојата љубов, ентузијазам и насмевка со која не даруваше.
Горди сме што те имавме, твојата големина како личност, твоите животни постигнувања, твоето благородно срце и твојата насмевка засекогаш ќе бидат дел од сите нас.
Голема е тагата по тебе, голема е загубата наша.
Времето минува, а болката не…
Спомените остануваат засекогаш…
Додека постоиме и дишеме, Ти си нераскинлив дел од нас.
Секогаш ќе живееш во нашите срца.
Секогаш неутешни.
Од семејството
СЕЌАВАЊЕ
КРСТАНА КОСТОВСКА
60 години непрежалена.
Од децата
ДА НЕ СЕ ЗАБОРАВИ
Деновиве се навршуваат триесет (30) години без нашата
КАЛИНА БАБУНСКА
Од семејството
ПОСЛЕДЕН ПОЗДРАВ
до нашиот сакан дедо
ДЕДО ДУЛЕ
роден во с.Марена
1934-2024
Почивај во мир.
Од внуците Александра, Давид и Анастасија
ЖАЛНА ВЕСТ
Им соопштуваме на сите роднини и пријатели дека на ден 27.11.2024 година, почина нашиот најсакан сопруг, татко и дедо
ДУШАН БОЖОВИЌ
од Скопје
1939 -2024
Почивај во мир.
Погребот ќе се одржи на 28.11.2024 година, во капелата на Градските гробишта во Бутел од 11 часот.
Од сопругата Нада, ќерќите Сузана и Милена и внуците Виктор, Дарија и Ана
ПОСЛЕДЕН ПОЗДРАВ
на
ДУШАН ДАВЧЕВ
судија во пензија од Скопје
Незаборавни се годините што ги поминавме со тебе и фамилијата.
Почивај во мир.
Сочувство до семејството.
Весе Хаџи Андоновска со фамилијата од Битола