врати се на Слободен Печат

ДЕСЕТГОДИШЕН ПОМЕН

Проф. д-р. СТАВРЕ КЛИМОВ

Десет години без тебе, а се чини како да си уште тука- во нашите мисли, во секој совет што одекнува, во топлината што ни ја остави.

Недостигањето не слабее, туку ни покажува колку си значел.

Ти благодариме за љубовта, добрината и тишината што зборуваше повеќе од зборови.

Почивај во мир наш сакан сопруг, татко и дедо.

Споменот за тебе живее во нашите срца.

ПОСЛЕДЕН ПОЗДРАВ

ТОДОР СТАВРЕВ

Драг колега Тоде, со голема тага ја слушнав лошата вест. Секогаш ќе те паметам како многу енергична и позитивна личност. Водеше со цврста рака  и топло срце. Почивај во мир!

 Радош

СЕЌАВАЊЕ

на АНДРЕЕВИ

НАДЕЖДА

20 години

Со годините болката поради прераната загуба не поминува, но расте неизмерната благодарност за воспитувањето, грижата и вниманието што ни го пруживте.

Почивајте во мир.

Катерина и Маргарита со семејствата

СЕЌАВАЊЕ

на АНДРЕЕВИ

ИВАН

37 години

Со годините болката поради прераната загуба не поминува, но расте неизмерната благодарност за воспитувањето, грижата и вниманието што ни го пруживте.

Почивајте во мир.

Катерина и Маргарита со семејствата

IN MEMORIAM

На 23 јануари 2026 година изминува една година без нашата мајка и баба

ЛИЛЈАНА АТАНАСОВА КОЦЕВА

1936-2025

Сања, Елена и Ричи

ДВЕГОДИШЕН ПОМЕН

ФИЛИП СТОЈАНОВСКИ

архитект

1946 - 2024

Поминаа две години откако не напушти нашиот сакан татко и дедо,

но болката не поминува, само тивко се сместува во срцето.

Твојот лик, твојот глас и твојата добрина живеат во нашите спомени секој ден. Те паметиме по мудроста што ни ја остави, по чесноста со која живееше и по љубовта што несебично ни ја даруваше.

Иако не си повеќе меѓу нас, твоето присуство го чувствуваме во секој наш чекор и во секој совет што го слушаме во тишината.

Почивај во мир тато.

Од семејството

ПОСЛЕДЕН ПОЗДРАВ

на нашиот драг пријател и колега

ТОДОР СТАВРЕВ

Драг Тоше, со своите доблести и особини на редок и голем човек ќе останеш засекогаш во нашите сеќавања и мисли.

Твојот позитивен став кон животот го пренесуваше на сите колеги во Тиквеш.

Тие што те познававме ќе те сочуваме од заборав!

Почивај во мир!

Вработените на ВВ Тиквеш

 

ПОСЛЕДЕН ПОЗДРАВ

на нашиот сакан татко и дедо

ТОДОР СТАВРЕВ

Со длабока болка и тага ги известуваме роднините и пријателите дека ненадејно почина нашиот сакан татко и дедо на 21.1.2026 година.

По добро ќе те паметиме, со гордост ќе те споменуваме, со љубов ќе те чуваме од заборав, со тага ќе живееме без тебе.

Последен поздрав ќе му оддадеме во капелата на Градските гробишта Бутел, на 23.1.2026 година (петок) во 13:00 часот. Погребот ќе се одржи во 14:00 часот.

Почивај во мир.

Ужалени:

Ќерките Катерина и Марија со фамилиите

ЕДНОГОДИШЕН ПОМЕН

На 22 јануари 2026, четврток, се навршува точно 1 година од упокојувањето на нашиот татко, сопруг, брат, роднина и пријател

маестро КОЛЕ МАНЕВ

слободен уметник

(1941-2025)

Вечна ти слава татко, почивај во мир. Амин.

Од сопругата Христина, синот Игор, сестрата Елисавета, фамилија Маневи

                                        СЕЌАВАЊЕ

На нашиот сакан и почитуван татко

Киро-Кирја Наневски

40 години

Со љубов од ќерките : Василка, Виолета, Мери и Оливера со семејствата.

                                    СЕЌАВАЊЕ

На нашата сакана и почитувана мајка

Домника Наневска

29 години

Со љубов од ќерките : Василка, Виолета, Мери и Оливера со семејствата.

                                                          ПОМЕН

На 17.01.2026 година се навршуваат 3 години на

Верка Луковска

Поменот ќе биде извршен на 17. 01 на градските гробишта бутел во 12 часот.

Последен поздрав од фамилијата

СЕЌАВАЊЕ

На 14.01.2026 година се навршуваат 30 години откако не напушти нашиот сакан дедо

Ангел Гацев

1912 – 1996

Мил дедо Ангел, горди сме што те имавме и засекогаш ќе живееш во нашите срца.

Љубовта, грижата и добрината што несебично ни ги подари, те прават незаборавен и вечен!

Ти ни го трасираше патот по кој треба да чекориме – да работиме чесно, да учиме, да се жртвуваме за семејството, најблиските и татковината.

Пат што денес со гордост го продолжуваат твоите правнуци Александер, Марио и Лука.

Со љубов и длабока почит, внуците Ана Гацева и Ѓорѓи Шекеров со семејствата.

СПОМЕН

Во недела, 11 јануари, се навршија десет години од смртта на

МИЦА ТУНТЕВА

Благодарни сме што имавме таква мајка и баба.

Тунтеви

                                                                                                 ПОМЕН

На ден 16.01.2026 се навршува една тажна година од кога не напушти нашиот драг и мил

Зоран Аксентијевиќ

од Радишани

23.12.1980 – 16.01.2025

Неговите љубов, доброта, дух, вредноќа и идеи остануваат во сеќавање.Те сакаме неизмерно со тага и бол, која никогаш нема да помине. Нема да те заборавиме, ќе те паметиме засекогаш.

Ожалостени

Мајка Гена Евгенија, брат Небојша, семејството на сестра Снежана Костниќ, внуките Надица и Ева и зет Миле

СЕЌАВАЊЕ

На 7.1.2026 година се навршуваат пет години од заминувањето на мојот еден, единствен брат

Проф.д-р ДРАГОСЛАВ МЛАДЕНОВИЌ-МЛАЃО

Абдоминален хирург

„Живот подолг од животот“

Драгана

НЕЗАБОРАВ

МЕРИ СТОЈАНОВА

од Битола

2016-2026

Годините минуваат, сеќавањата на нашето дружење се вечни.

Коце и Васка

ЖАЛНА ВЕСТ

Ги известуваме нашите роднини и пријатели дека почина

ГРОЗДАНА РОШКОВА

Погребот ќе се изврши на гробиштата Бутел, на 6.1.2026 од 12:30 во Капела.

Почивај во мир.

Синовите со семејствата