IN MEMORIAM
НИНА ГРАДИШКА
2005-2026
Присутна си на дневна основа. Живееш!
Оле со децата
НЕПРЕБОЛ
седум години
Д-р. КАТЈА ПАУНОВСКА
стоматолог
Катја љубов моја.
Катја, Болко моја…
Твојот Кирил
ПОСЛЕДЕН ПОЗДРАВ
за мојот драг пријател и колега
ЗОРАН ТОНИЌ
Замина и ти пријателе, замина генерацијо, замина во вечноста, но нема никогаш да заминеш од сеќавањата и спомените.
Почивај во мир.
Никола Петковски
ПОСЛЕДЕН ПОЗДРАВ
ЗОРАН ТОНИЌ
1946-2026
Последен поздрав на нашиот сакан чичко Зоран, со кој не поврзуваат најубавите спомени од детството.
Снежана и Мимоза Миленкови
ПОСЛЕДЕН ПОЗДРАВ
ЗОРАН ТОНИЌ
1946-2026
Се збогуваме со нашиот почитуван зет и баџанак, но се тешиме со најубавите спомени од заедничката младост, до нашата мудра старост.
Почивај во мир.
Лилјана и Владимир Миленкови
ЖАЛНА ВЕСТ
На 25.1.2026 г. почина нашиот сопруг, татко и дедо
ЗОРАН ТОНИЌ
1946-2026
Со неговото заминување изгубивме сакан сопруг и другар, пожртвуван татко и сакан дедо.
Почивај во мир сакан наш.
Погребот ќе се изврши во среда на 28.1.2026 г. на Градските гробишта Бутел од 11-12 часот.
Сопругата Гордана, синовите Ненад и Дејан, снаата Сандра и внуците Лука и Петар
ДЕСЕТГОДИШЕН ПОМЕН
Проф. д-р. СТАВРЕ КЛИМОВ
Десет години без тебе, а се чини како да си уште тука- во нашите мисли, во секој совет што одекнува, во топлината што ни ја остави.
Недостигањето не слабее, туку ни покажува колку си значел.
Ти благодариме за љубовта, добрината и тишината што зборуваше повеќе од зборови.
Почивај во мир наш сакан сопруг, татко и дедо.
Споменот за тебе живее во нашите срца.
ПОСЛЕДЕН ПОЗДРАВ
ТОДОР СТАВРЕВ
Драг колега Тоде, со голема тага ја слушнав лошата вест. Секогаш ќе те паметам како многу енергична и позитивна личност. Водеше со цврста рака и топло срце. Почивај во мир!
Радош
СЕЌАВАЊЕ
на АНДРЕЕВИ
НАДЕЖДА
20 години
Со годините болката поради прераната загуба не поминува, но расте неизмерната благодарност за воспитувањето, грижата и вниманието што ни го пруживте.
Почивајте во мир.
Катерина и Маргарита со семејствата
СЕЌАВАЊЕ
на АНДРЕЕВИ
ИВАН
37 години
Со годините болката поради прераната загуба не поминува, но расте неизмерната благодарност за воспитувањето, грижата и вниманието што ни го пруживте.
Почивајте во мир.
Катерина и Маргарита со семејствата
IN MEMORIAM
На 23 јануари 2026 година изминува една година без нашата мајка и баба
ЛИЛЈАНА АТАНАСОВА КОЦЕВА
1936-2025
Сања, Елена и Ричи
ДВЕГОДИШЕН ПОМЕН
ФИЛИП СТОЈАНОВСКИ
архитект
1946 - 2024
Поминаа две години откако не напушти нашиот сакан татко и дедо,
но болката не поминува, само тивко се сместува во срцето.
Твојот лик, твојот глас и твојата добрина живеат во нашите спомени секој ден. Те паметиме по мудроста што ни ја остави, по чесноста со која живееше и по љубовта што несебично ни ја даруваше.
Иако не си повеќе меѓу нас, твоето присуство го чувствуваме во секој наш чекор и во секој совет што го слушаме во тишината.
Почивај во мир тато.
Од семејството
ПОСЛЕДЕН ПОЗДРАВ
на нашиот драг пријател и колега
ТОДОР СТАВРЕВ
Драг Тоше, со своите доблести и особини на редок и голем човек ќе останеш засекогаш во нашите сеќавања и мисли.
Твојот позитивен став кон животот го пренесуваше на сите колеги во Тиквеш.
Тие што те познававме ќе те сочуваме од заборав!
Почивај во мир!
Вработените на ВВ Тиквеш
ПОСЛЕДЕН ПОЗДРАВ
на нашиот сакан татко и дедо
ТОДОР СТАВРЕВ
Со длабока болка и тага ги известуваме роднините и пријателите дека ненадејно почина нашиот сакан татко и дедо на 21.1.2026 година.
По добро ќе те паметиме, со гордост ќе те споменуваме, со љубов ќе те чуваме од заборав, со тага ќе живееме без тебе.
Последен поздрав ќе му оддадеме во капелата на Градските гробишта Бутел, на 23.1.2026 година (петок) во 13:00 часот. Погребот ќе се одржи во 14:00 часот.
Почивај во мир.
Ужалени:
Ќерките Катерина и Марија со фамилиите
ЕДНОГОДИШЕН ПОМЕН
На 22 јануари 2026, четврток, се навршува точно 1 година од упокојувањето на нашиот татко, сопруг, брат, роднина и пријател
маестро КОЛЕ МАНЕВ
слободен уметник
(1941-2025)
Вечна ти слава татко, почивај во мир. Амин.
Од сопругата Христина, синот Игор, сестрата Елисавета, фамилија Маневи
СЕЌАВАЊЕ
На нашиот сакан и почитуван татко
Киро-Кирја Наневски
40 години
Со љубов од ќерките : Василка, Виолета, Мери и Оливера со семејствата.
СЕЌАВАЊЕ
На нашата сакана и почитувана мајка
Домника Наневска
29 години
Со љубов од ќерките : Василка, Виолета, Мери и Оливера со семејствата.
ПОМЕН
На 17.01.2026 година се навршуваат 3 години на
Верка Луковска
Поменот ќе биде извршен на 17. 01 на градските гробишта бутел во 12 часот.
Последен поздрав од фамилијата