Пребарај некролози
ЖАЛНА ВЕСТ
Почитувани роднини, пријатели и познаници, ве известуваме дека на ден 25 јуни 2024 година нашиот сакан и почитуван татко, дедо, сопруг и пријател не напушти од овој свет!

МИЛЧО МИХАЈЛОВСКИ
Последниот поздрав ќе може да му го оддадеме на ден 27 јуни во 10 часот во Капелата на Градските гробишта Бутел- Скопје.
Тато, за жал не напушти и ти, но твојот лик и твоите зборови вечно ќе живеат со нас и во нас… Горди сме и среќни што те имавме за татко! Ќе останеш вечно во нашите срца, души, сеќавања…
Почивај во мир прекрасен човеку! Последен поздрав од твоите ќерки со семејствата
ЖАЛНА ВЕСТ
Со длабока тага ја објавуваме веста за смртта на

ТОФИЛО ЗДРАВКОВСКИ
ТОФИЛО беше сакан родител и дедо, чие присуство беше исполнето со љубов и добрина.
Неговата насмевка, топлина и несебична љубов ќе останат запаметени засекогаш.
Погребот се изврши во понеделник, 24.6.2024 на Градските гробишта Бутел.
од Викторија, Владо , Теодор и Бодан
ЖАЛНА ВЕСТ
Со длабока тага ја објавуваме веста за смртта на

ТОФИЛО ЗДРАВКОВСКИ
ТОФИЛО беше сакан родител и дедо, чие присуство беше исполнето со љубов и добрина.
Неговата насмевка, топлина и несебична љубов ќе останат запаметени засекогаш.
Погребот се изврши во понеделник, 24.6.2024 на Градските гробишта Бутел.
од Орце, Викторија, Тео и Дарија
ЖАЛНА ВЕСТ
Ги известуваме сите роднини и пријатели дека на ден 20.6.2024 година почина нашиот сакан сопруг, татко, свекор и дедо

БРАНКО ТАНТУРОВСКИ
1939-2024
Погребот е извршен на 22.6.2024 година на Градските гробишта Бутел.
Почивај во мир.
Од сопругата Надежда, ќерката Искра и синот Тодор со семејствата
Последен поздрав
Знаеше да ги препознаеш можностите и во најтешките моменти на оваа земја, да го употребиш твоето големо знаење, дипломатско искуство, тактичност и мудрост, учествувајќи во поставувањето на темелите на нејзината независност и државност.
Ќе останеш запаметен како либерал кој вистински ја разбираше демократијата, човековите права и слободи и развојот на пазарната економија. Беше и раскажувач, хроничар на турбулентните времиња во кои живееме и хуманист. Знаеше да сослушаш, но и да дадеш совет и поддршка на помладите.
Историјата ќе го потврди твоето визионерство, лидерство и мудрост. Чест ми е што те познавав и што можев да се наречам твој пријател.
Почивај во мир голем човеку.

Стојан Андов
Светозар Јаневски, 18 јуни 2024
ПОСЛЕДЕН ПОЗДРАВ
до нашиот почитуван сват

ИВАН АНДРЕЕВСКИ МАЧЕ
Почивај во мир.
Од Мирјана и Зоран Блажевски со семејството
ПОСЛЕДЕН ПОЗДРАВ
На нашиот брат, девер, чичко и дедо

НИКОЛА (НИКО) БАБУШКОВ
1938-2024
Многу ќе ни недостасува, посебно за матине.
Браќата Кочо, Миро и Бране со семејствата

ЖАЛНА ВЕСТ

МОМЧИЛО ТРАЈКОВСКИ
Со длабока жалост соопштуваме дека го испративме нашиот најсакан сопруг, татко, брат и пријател Моме на ден 25.5.2024 на гробиштата во Бутел.
Нека му е мирно морето.
Сопругата со ќерките и фамилијата
ЖАЛНА ВЕСТ
Ве известуваме дека почина нашата сакана

ЛИЛЈАНА ЗДРАВКОВСКА
Последен поздрав ќе и оддадеме во среда, 22.5.2024 на Градските гробишта во Бутел во Капела од 11 часот.
Од Владо, Викторија, Теди и Бодан