ПОСЛЕДЕН ПОЗДРАВ
До почитуваниот близок и сакан пријател
Благоја Дончев
Засекогаш во нашите мисли и сеќавања.
Семејство Каратукови
СЕЌАВАЊЕ
На ден 24.10.2021 година се навршуваат 4.5 (четири и пол) години како Ти го остави своето гнездо кое Ти го створи и одлета многу далеку, не се врати и никогаш нема да се вратиш.
Љубица Коруноска
Твојата слика стои на масата во дневната соба опкружена со свежи цвеќиња. Цвеќето кое ти го купи рашири гранки и ја прегрна твојата слика и цврсто ја чува. Твојот вечен дом го посетуваме секој празник и секој викенд носиме цвеќе, палиме свеќа, ја бацуваме твојата слика на каменот, седиме на дрвената клупа и очекуваме да
се појавиш да те видиме, но ти не се појавуваш. Со насолзени очи заминуваме со мисла дека идниот викенд ќе се појавиш.
Почивај во мир сакана и мила.
Од твоето мило и сакано семејство
ШЕСТМЕСЕЧЕН ПОМЕН
Изминаа шест тажни месеци од смртта на нашиот сакан сопруг, татко и дедо
Чаловски Чало
Поменот ќе се одржи на 23.10.2021 година( сабота) во 11 часот на Градските гробишта Бутел каде ќе го посетиме неговиот вечен дом и положиме свежо цвеќе.
Почивај во мир.
Ожалостени сопругата Љупка, ќерката Чалика, зетот Слободан и внуката Сара.
ЖАЛНА ВЕСТ
На 19.10.2021 година, почина
Марија Рунчева
род. РАШКОВСКА
Погребот ќе се изврши во 13 часот на 21.10.2021 (четврток) на градските гробишта Бутел во Скопје.
За нашата мајка и баба, со љубов,
Јадранка, Зоран, Сања и Росица
ПОСЛЕДЕН ПОЗДРАВ
на нашиот сакан
Стеван Огненовски
1948-2021
роден 1948
кој почина на ден 13.10.2021 година , погребот е извршен на 14.10.2021 во кругот на семејството.
Почивај во мир. Бескрајно те љубиме.
Од семејството
ПОСЛЕДЕН ПОЗДРАВ
на нашата сакана мајка и баба
Вера Димитровска
Почина на 9.10.2021 година, а погребот е извршен на 10.10.2021 година на Градските гробишта Бутел
Од нејзините најблиски:
Соња, Љупчо и Никола Стружанчеви
ТАЖНО СЕЌАВАЊЕ
На 9.10.2021 година се навршуваат 15 години од смртта на нашиот мил и единствен брат
Д-р Михајло Гонев
(д-р Мики)
Од Свети Николе
Се тече-се´ се менува, само спомените за заедничкиот живот остануваат Вечни.
Твоите сестри: Верица Бојковска (Гонева) од Куманово и Наде Давчева (Гонева) од Скопје со своите семејства
ПОСЛЕДЕН ПОЗДРАВ
Со неизмерна тага ги известуваме нашите роднини и пријатели дека на ден 4.10.2021
година почина нашиот сакан сопруг и татко
Проф. д-р Зоран Митрески
Редовен професор (во пензија) при Факултетот за земјоделски науки и храна во Скопје Роден на 4.2.1931
1931-2021
Погребот е извршен на 6.10.2021 година на Градските гробишта Бутел, во кругот на
најтесното семејство.
Од тебе се простуваме со голема болка во душите, но и со гордост што те имавме за
сопруг и родител. Вечно ќе живееш во нашите спомени. Нека ти е светол патот, почивај во
мир, и вечна ти слава.
Од сопругата Оливера и ќерките Снежана и Викторија
ЖАЛНА ВЕСТ
Со длабока жал им соопштуваме на сите роднини и пријатели дека почина нашата мила Мајка,
баба и прабаба-Нана
Драгица Каранфиловска
1924-2021
Погребот ќе се изврши на 7.10.2021 година во 12 часот на Градските гробишта Бутел.
Ожалостена фамилија:
Ќерките Елена и Лилјана со фамилиите
ЧЕТИРИЕСЕТДНЕВЕН ПОМЕН
Поминаа 40 тажни дена без тебе. Твоето отсуство се чувствува. Ни недостигаш!
Љубомир Димитров
30.10.1935-26.8.2021
По тој повод на 4.10.2021 година(понеделник) во 11:00 часот ќе го посетиме твојот вечен дом.
Ужалени: ќерките Марија, Меланија и зетот Горанчо
ТРИГОДИШЕН ПОМЕН
На 4 октомври се навршуваат 3 години од прераната смрт на нашата сопруга, мајка, баба
Десанка Младеновска-Рајчиќ
По тој повод во 11 часот ќе го посетиме најзиниот вечен дом да положиме свежо цвеќе и
потсетиме на нашата Десанка
Сопругот со синовите, снаата и внуците
ПОСЛЕДЕН ПОЗДРАВ
До нашата вујна
Нада Аџисанкова
Семејство Поповски
ПОСЛЕДЕН ПОЗДРАВ
На нашиот почитуван шура, вујко и дедо
Драган Наумов
Од семејство Иванови
ПОСЛЕДЕН ПОЗДРАВ
до нашиот драг кум
Јован Иљовски
Од кумашините Димитрија и Ефка Трајчески и децата Радица и Виктор
ПОСЛЕДЕН ПОЗДРАВ
На нашиот сакан и драг вујко
Тодор Аџисанков
Мите, Лиле, Ана и Гоце
СЕЌАВАЊЕ
Поминаа 20 години од смртта на нашиот сакан сопруг, татко, брат, чичко, вујко и тетин
Ламбе Тодоровски
Началник во пензија
Засекогаш ќе останеш во нашите срца и мисли
Од семејство Тодоровски
СЕЌАВАЊЕ
На 19 јуни се навршуваат 5 години откако нѐ напушти нашата сакана сопруга, мајка и баба
Василка Циклевска Салом
По тој повод ќе ѝ оддадеме почит на гробиштата во Ѓорче Петров во 10:30 часот и ќе положиме свежо цвеќе на нејзиниот вечен дом
Од семејството
ТАЖНО СЕЌАВАЊЕ
Васа и Трајко Ангелови
Васа Ангеловa – 17 години
Трајко Ангелов-Демирови- 25 години
Од ќерката Гордана, внуката Драгана и правнукот Дамјан-Скопје