ПОСЛЕДЕН ПОЗДРАВ
на мојот драг зет
ДИМИТАР ЈУРУКОВСКИ
од Лилјана Јовевска
ПОСЛЕДЕН ПОЗДРАВ
на нашиот сакан тетин Митко
ДИМИТАР ЈУРУКОВСКИ
од Игор, Марга и Дина Јовевски
ЖАЛНА ВЕСТ
Драги роднини и пријатели,
Со длабока болка и тага, Ве известуваме дека на ден 8.5.2024 по кратко боледување, почина
професор доктор ДИМИТАР ЈУРУКОВСКИ
Ти благодариме за тоа што беше најдобриот сопруг, родител и дедо и ни остави прекрасни спомени и не научи на трајни вредности. Секогаш горди на твоите дела како истакнат градежен инженер во областа на земјотресното инженерство, голем хуманист и возобновувач на ротаријанството во Македонија.
Погребот се изврши на 10.5.2024 година, на градските гробишта Бутел, во кругот на семејството.
Почивај во мир, сакан наш Митко.
Со почит,
Семејство Јуруковски
СЕЌАВАЊЕ
Денес 13.5.2024 година се навршуваат 6 години од смртта на нашиот сопруг, татко, свекор и дедо
Проф. д-р ОГНЕН ДАМЕВ
Засекогаш во нашите срца и мисли.
Со љубов и почит
од семејството
СЕЌАВАЊЕ
Изминаа 15 години без нашиот сакан
СИМЕ ЛАЗАРОВСКИ
Ни недостасуваш секој ден.
Од семејството
ПОСЛЕДЕН ПОЗДРАВ
За мојот најсакан човек и најголемиот другар на светот
РОБЕРТ ВАКЛИНСКИ
д-р. Билјана Николовска
ПОСЛЕДЕН ПОЗДРАВ
До нашиот сакан и почитуван другар
РОБЕРТ ВАКЛИНСКИ
Засекогаш ќе останеш во нашите мисли како редок другар, шармер, градски лик. Каде и да си, нека ти е како што ти беше со нас.
Сале, Имер, Ставка
ЖАЛНА ВЕСТ
На ден 9.5.2024 година почина нашиот сакан татко, сопруг и син
РОБЕРТ ВАКЛИНСКИ
Ќе го испратиме на неговото вечно почивалиште во Бутел на 12.5.2024 во 11 часот.
Тој беше нашиот столб, нашиот светилник, нашето се’. Човек со големо срце и бескрајна енергија. Секогаш ќе биде со нас, во нашите мисли и срца.
Од семејството
ТРИГОДИШЕН ПОМЕН
Три години без
ЈЕЛЕНА МАКЕЛАРСКА
Годините поминуваат, а внучињата секој ден те споменуваат…
Секогаш си во нашите мисли и срца.
Поменот ќе се одржи на 11.05.2024 (сабота) на Градските гробишта Бутел во 11 часот.
Од ќерката Јована, зетот Славчо, внучињата Итан и Киан
ТРИГОДИШЕН ПОМЕН
Поминаа три години без нашата најсакана мајка и баба Ели
ЈЕЛЕНА МАКЕЛАРСКА
Ни недостасуваш секој ден, ќе те сакаме секогаш!
Поменот ќе се одржи на 11.05.2024 (сабота) на Градските гробишта Бутел во 11 часот.
Од ќерката Маја, зетот Виктор , внуките Бриа и Кира.
СЕЌАВАЊЕ
Три години без нашата сестра тетка и баба
ЈЕЛЕНА МАКЕЛАРСКА
Нејзината насмевка е засекогаш врежана во нашите срца и мисли .
Сестрата Сузана, зетот Душко, Александра и Петар со семејствата
Тажен помен
На 11 мај 2024 година се навршуваат 3 години од смртта на нашата сакана и почитувана мајка, свекрва, баба и прабаба
ЉУБИЦА РАВАНОСКА
По тој повод на 11 мај (сабота) во 11 часот ќе го посетиме нејзиниот вечен дом и ќе положиме свежо цвеќе.
Горди сме што те имавме. Засекогаш ќе бидеш во нашите срца.
Од синот Пане и ќерката Сава со семејствата
ДВЕ ГОДИНИ
Без нашиот единствен
ЗОРАН АНГЕЛОВ
Ни недостасуваш секој миг.
Твоите Кате, Искра и Калина
ДВЕ ГОДИНИ
ЗОРАН АНГЕЛОВ
Фалиш куме, секој ден. Многу…
Кумашините
ПОСЛЕДЕН ПОЗДРАВ
Со тешко срце се збогуваме со нашата сакана мајка, баба и прабаба.
МАРА КУНОВСКА
18.03.1936 - 06.05.2024
Твојата ведра насмевка засекогаш ќе остане во нашите спомени, затоплувајќи ги нашите срца и влевајќи им надеж во најтешките моменти.
Ќе те паметиме како жената што секогаш беше насмеана.
Почивај во мир.
Од семејството
ПОСЛЕДЕН ПОЗДРАВ
Драга наша Баба Маре, неизмерно Ти фала за се.
МАРА КУНОВСКА
18.03.1936 - 06.05.2024
Со срца полни прекрасни спомени, но во мигов столчени од тага, се збогуваме со Тебе и Те испраќаме во вечноста.
Твојот убав глас и нежното мелодично смеење засекогаш ќе одѕвонуваат во нас, а Твоите песнички ќе им ги пренесуваме на новите генерации.
Вечна Ти слава.
Од семејството
20 ГОДИНИ ПОМЕН
Во недела, 5 ти мај во 11 часот ќе го посетиме вечниот дом на нашиот син Дејан
ДЕЈАН ЦВЕТКОВСКИ
Сине, 20 години болка, но љубовта кон тебе не престана.
Секогаш си во нашите срца.
Мајка Олга, татко Милисав и братот Сашо со фамилијата
ЖАЛНА ВЕСТ
Почина мојата сакана мајка и баба
проф. РУЖА ИЛИЌ
Ќе остане засекогаш во нашите спомени. Нејзиниот мил лик и човечка добрина ќе останат во нашите сеќавања. Почивај во мир мајко најмила. |
Жан Илиќ |
---|
|