врати се на Слободен Печат

IN MEMORIAM

МИТРЕ ГАЦОСКИ

дипл. рудар. Инг.

1969 година

.

ПОСЛЕДЕН ПОЗДРАВ

Др.Златко Стојковски

Радиолог

Нашето семејство изгуби повеќедецениски пријател и прекрасен човек на кого засекогаш ќе се сеќаваме со пиетет и ќе го спомнуваме со најубави зборови.

Од Татјана Лучко Јовановиќ со семејството

ПОСЛЕДЕН ПОЗДРАВ

Др.Златко Стојковски

Радиолог

Изгубивме сакан и почитуван пријател, глас и стас. Почивај во мир сакан наш.

Од Рита и Миро Јовановиќ со семејството

ПОСЛЕДЕН ПОЗДРАВ

Др.Златко Стојковски

Радиолог

Ќе ни недостасува твоето пријателство, оптимизам и насмевка. Почивај во мир.

Од Владимир Јовановиќ со семејството

ПОСЛЕДЕН ПОЗДРАВ

На 30.03.2024 година за секогаш нé напушти нашиот сакан брат вујко и шура

Др.Златко Стојковски

Радиолог

Брате драг, нé остави во солзи, длабока болка и тага.
Н
ајмил наш и единствен почивај во мир

Од сестрата Билјана, зетот Баже, и внуците Милко и Мими со семејствата

ПОСЛЕДЕН ПОЗДРАВ

На 31.03.2024 година го испративме до вечниот дом нашиот сакан сопруг и татко

Др.Златко Стојковски

Радиолог

Твоето ненадејно заминување ни ја гори душава, ни ги дроби срцата, но ќе продолжиме…за ТЕБЕ.
С
é додека нас нé има живееш во нас и со нас.
Почивај во мир најмил наш, нека ти е светол патот

Твоите Сузе и Бојан

ЕДНОГОДИШЕН ПОМЕН

Помина една година откако засекогаш нè напушти нашиот сакан татко и сопруг

МИЛЕ МИЛЕНКОВСКИ

1955-2023

По тој повод, на 6.4.2024 (Сабота) во 12:00 часот ќе го посетиме неговиот вечен дом на Градските гробишта Бутел и ќе оддадеме достојна почит.

Засекогаш ќе живееш во нашите срца и мисли.

Од сопругата Оливера и ќерката Бојана со семејството

ЖАЛНА ВЕСТ

Ги известуваме сите роднини и пријатели дека на 30.3.2024 година по кратко боледување почина нашата сакана сопруга, мајка и баба

НАВСИКА ПЕТРОВСКА

Погребот ќе биде извршен во вторник на 2.4.2024 година на Градските гробишта Бутел од 12 до 13 часот во капела.

Засекогаш ќе останеш во нашите срца, мисли и сеќавања.

Од сопругот Стојан, ќерката Маја со семејството и синот Никола со семејството

ЕДНОГОДИШЕН ПОМЕН

Помина една година откако засекогаш не напушти нашиот сакан

МИРОСЛАВ МИЧО САЛОМ

(1946-2023)

Поменот ќе се одржи на 2 април 2024, во 12 часот на гробиштата во Ѓорче Петров.

Од семејството

СЕЌАВАЊЕ

ВЛАДИМИР РАЛЕВ

2016-2024

Поминаа 8 години од Твоето заминување!

И натаму си во нашите мисли и сеќавања!

Твоите добри дела не се забораваат!

Беше голем човек, за сите како и за Твојата Македонија!

Твојата порака беше:

ДА ИМАМЕ ЧИСТ ГРАЃАНСКИ УСТАВ, МАКЕДОНИЈА Е ТАТКОВИНА НА СИТЕ ГРАЃАНИ КОИ ЖИВЕАТ ВО НЕА, КАКО И МАКЕДОНСКИОТ ЈАЗИК, И ПИСМО ДА БИДАТ ОФИЦИЈАЛНИ!

Братот Ристо Ралев и сестрата Петкова Верица

ТАЖНА ВЕСТ

Во болка и тага соопштуваме дека во 91. година од животот почина нашата племенита мајка и баба

БЛАГОРОДНА ДМИТРОВИЌ

1.3.1934 Скопје -28.3.2024 Скопје

Последното испраќање е на 30.3.2024 од капелата на Градските гробишта Бутел, Скопје во 11. часот

Со љубов и почит од синовите Зоран и Љубиша и внуката Јелена

ПОМЕН

Се навршуваат шест месеци без нашата мајка и баба

НАДЕЖДА ХРИСТОВА ГЕРАСИМОВСКА

(13.2.1934 - 30.9.2023)

Спомените со тебе вечно ќе живеат во нашите сеќавања.

Од ќерките Весна и Билјана со семејствата

ПОСЛЕДЕН ПОЗДРАВ

МИЛОРАД АНТЕВСКИ- РАЦО

Засекогаш ќе останеш во нашите мисли и срца.

од семејството Антевски

ДВЕГОДИШЕН ПОМЕН

На 5.4.2024 година се навршуваат 2 години откако нè напушти нашиот сакан татко, свекор и дедо

ТАШИ ШЕКЕРОВ

(1947 – 2022)

По тој повод, на 30.03.2024 год.(сабота) во 11:00 часот, ќе го посетиме неговиот вечен дом на Градските гробишта во Бутел, да оддадеме почит и положиме свежо цвеќе.

Горди сме што те имавме и засекогаш ќе те чуваме во нашите срца.

Со љубов и почит синот Ѓорѓи, снаата Боркица и внуците Марио и Лука

ЕДНОГОДИШЕН ПОМЕН

На 30.3.2024 поминува една година откако не напушти нашиот сакан татко и свекор

АНГЕЛ АНДРЕЕВСКИ

Сеќавањата на тебе, твојата грижа и љубов која неуморно ни ја даваше вечно остануваат во нашите срца и мисли.

Многу ни недостигаш мил наш.

Со љубов и почит од синот и снаата

ГОДИШЕН ПОМЕН
Помина една година, полна со тага и болка по тебе мил наш

АНГЕЛ АНДРЕЕВСКИ

Ангелу наш, сепак сме горди што те имавме како добар човек, сопруг, родител и дедо.

Поменот ќе се одржи на 30.3.2024 (сабота) во 12 ч. на гробиштата во Бутел.

Со љубов од сопругата со семејството

ГОДИШЕН ПОМЕН

На 30.3.2024 (сабота) се навршува една година од смртта на нашата мила и сакана мајка, баба и прабаба

ВЕРА ДОМАЗЕТОВСКА

По тој повод на 30.3.2024 (сабота) во 11.30 часот ќе го посетиме нејзинот вечен дом на Градските гробишта Бутел и ќе и´ оддадеме достојна почит.

Со неизмерна љубов и почит ,

синовите Зоран и Драган со семејствата

ПОСЛЕДЕН ПОЗДРАВ

На 26 март годинава во Куманово почина нашиот сакан и почитуван

Др. АЛЕКСАНДАР ИВАНОВСКИ

Си замина од нас нечујно, но големите и заслужни луѓе и нивните дела не престануваат да живеат. Тие дела се паметат уште многу, многу долго во спомените на голем број живи луѓе меѓу кои сме и ние.

Почивај во мир.

Од Наташа и Андреја со семејствата и нивната мајка Мими