врати се на Слободен Печат

ПОМЕН

ВЕЛЕ АРСОВСКИ

(ГАРИ)

1949-2011

Сеќавањето и споменувањето го надополнуваат отсуството овие 12 години.

Почивај во мир.

Сестрата Трајка со семејството

СЕЌАВАЊЕ

МЕРИ ШЕКЕРОВА

Останува незаменливо Твоето место на сестра и тетка во нашите животи.

Осиромашени за една безусловна љубов, искреност и добрина.

Твои Гордана и Ана Гацеви

НЕПРЕБОЛ

Две години на неизмерна тага и огромна болка, без нашата најмила мајка, свекрва и баба

МЕРИ ШЕКЕРОВА

Времето минува, болката е огромна, празнината ненадоместлива.

Мила мамо, споменот за тебе, твојата широка насмевка,  очи полни со љубов и топлина, твојата добрина  засекогаш ќе ги греат нашите срца.

Колку ли само ќе беше горда на своите внучиња Марио и Лука и успесите кои денес ги постигнуваат на сите полиња….

Ти им го трасираше патот на трудољубивоста, љубовта кон науката, љубопитноста, знаењето.

На сите нам ни беше патоказ на чесноста, добрината, човечноста.

Засекогаш ќе живееш во нашите срца, твојот светол лик и твоите дела вечно ќе те чуваат од заборав.

Со љубов и почит засекогаш твоите Ѓоко, Боркица, Марио и Лука

     ДВЕГОДИШЕН ПОМЕН

На 1.7.2023 година се навршуват две години откако не напушти нашата сакана мајка, свекрва и баба

МЕРИ ШЕКЕРОВА

(1948 – 2021)

По тој повод на 1.7.2023 год. (сабота) во 11:00 часот, ќе го посетиме нејзиниот вечен дом на Градските гробишта во Бутел, да оддадеме почит и положиме свежо цвеќе.

Горди сме што те имавме и секогаш ќе бидеш со нас.

Со љубов и почит синот Ѓорѓи, снаата Боркица и внуците Марио и Лука

 

ЧЕТИРИЕСЕТДНЕВЕН ПОМЕН

Изминуваат четириесет дена откако не напушти нашето злато

ИЛИНА ТАЛЕВСКА

дипломиран толкувач и преведувач по германски и англиски јазик

По тој повод ќе го посетиме нејзиниот вечен дом и ќе положиме свежо цвеќе во сабота на 1.7.2023 год. во 13 часот.

Брат Тома и татко Коста

ЖАЛНА ВЕСТ

На ден 26.6.2023 година почина мојот сопруг

АЛЕКСАНДАР ЧАНЕВСКИ

Почивај во мир, засекогаш ќе останеш во моето срце и душа.

Погребот ќе се изврши на ден 28.6.2023 година (среда) на Градските гробишта Бутел од 12:30 до 13:30 часот.

Ожалостена сопругата Марија

ШЕСТМЕСЕЧЕН ПОМЕН

Изминаа шест тажни месеци откога не напушти нашиот  сакан сопруг, татко и дедо

ПАВЛЕ ВЕЛКОСКИ

По тој повод, на ден 30.6.2023 (петок) ќе го посетиме неговото вечно почивалиште на Градските гробишта Бутел во 12 часот.

Од неговата фамилија

ЖАЛНА ВЕСТ

Со голема тага Ве известуваме дека на ден 22.6.2023 почина нашиот сопруг, татко и дедо

ПАНЧЕ СМИЛЕВСКИ

Од Скопје

Погребот ќе се изврши на 24.6.2023 во 11 ч. на Градските гробишта Бутел.

Посмртните останки ќе бидат во Капелата Бутел во 10 ч.

Од сопругата Гордана, синовите Младен и Игор со семејствата

ПОСЛЕДЕН ПОЗДРАВ

Со голема тага и почит се простуваме од нашиот почитуван

ПАНЧЕ СМИЛЕВСКИ

Од Скопје

Годините поминати со тебе засекогаш ќе останат во нашите сеќавања.

Со почит:  Игор, Билјана и Димитар

ПОСЛЕДЕН ПОЗДРАВ

Со голема тага се простуваме од нашиот татко и дедо

ПАНЧЕ СМИЛЕВСКИ

Од Скопје

Убавите спомени за тебе вечно ќе останат запаметени во нашите срца.

Последен поздрав од синот Младен, снаата Зорица, внуците Андреј и Ивона

ПОСЛЕДЕН ПОЗДРАВ

Мила наша, најмила

ИРЕНА

Прекрасен човек и вистински пријател.

Светол да ти е патот …

Остануваш во нашите мисли и срца засекогаш.

Билјана, Васка, Ива, Сања

СЕЌАВАЊЕ

НАТАЛИЈА ХРИСТОВА

1978-2023

Ранчо со фамилијата

ПОСЛЕДЕН ПОЗДРАВ

На нашиот сакан брат, шурак и вујко

НИКОЛА ШЕТЛОВ-КОЛЕ

1945-2023

Почивај во мир!

Од Маре и Раде Вељановски со семејството

ТАЖЕН ПОМЕН

Се навршуваат 40 дена откако не напушти нашата сакана сопруга, мајка и баба

НЕВЕНКА ЈАЊАТОВА

По тој повод на 20.6.2023 (вторник) во 11 часот ќе го посетиме нејзиното почивалиште да и оддадеме почит и да положиме свежо цвеќе.

Семејствата Јањатови и Димовски

ПОСЛЕДЕН ПОЗДРАВ

на нашиот сакан татко и дедо

ПРЕДРАГ ФРАНОВИЌ

29.1.1939 - 16.6.2023

Секогаш ќе останеш во нашите срца и ќе бидеш запаметен по добро.

Од ќерките Елена и Даница со семејствата

СЕЌАВАЊЕ

Две години без нашиот сакан и почитуван брат, вујко, шура и дедо

Др. СЛОБОДАН ВАСЕВСКИ

Од Скопје

Засекогаш во нашите срца и мисли.

Со почит:

Сестрата Гордана, зетот Панче, внуците Игор и Младен со семејствата

СЕЌАВАЊЕ

МЕТОДИЈА АДАМЧЕВСКИ

Синот Мирче и снаата Ана Адамчевски и внуците Гоце и Јане со семејствата

СЕЌАВАЊЕ

СПАСИЈА ПАЦА АДАМЧЕВСКА

Синот Мирче и снаата Ана Адамчевски и внуците Гоце и Јане со семејствата