врати се на Слободен Печат

ЖАЛНА ВЕСТ

Ве исвестуваме дека почина нашиот сопруг и татко

ТРАЈЧЕ ЧЕРЕПНАЛКОВСКИ

1953-2023

Телото ќе биде изложено во капела на 8.4.2023 во 12 ч., а погребот ќе се одржи на Градските гробишта Бутел во 13 ч.

Од сопругата Маја и синот Лука

ПЕТГОДИШЕН ПОМЕН

На 9 Април 2023 година изминуваат пет години исполнети со болка, тага и незаборав за нашата мила и сакана сопруга, мајка, свекрва, баба

АНКИЦА ВУЕВСКА

Бескрајно ни недостасува нејзината добрина, храброст, љубов и потпора кои ни ги пружаше целиот свој живот.

Пет години не си со нас, но за навек си во нас.

Ожалостените: сопругот Живко, ќерката Наде, синот Злате со семејствата

ВО СЕЌАВАЊЕ

ДОГАНЏИСКИ БОРО

1917-2002

ТАТКО, ПОЧИВАЈ ВО МИР…

ОД СИНОТ

МИЛЧО

НЕПРЕБОЛ

Поминаа четири години откако не напушти нашиот сакан сопруг, татко и дедо.

Тагата и болката остануваат вечно во нашите срца.

ДР. ЖИВКО ГРЧЕВСКИ

(1939-2019)

Почивај во мир.

Од семејството Грчевски

ЖАЛНА ВЕСТ

Ги известуваме роднините и пријателите дека не напушти нашиот прекрасен сопруг, татко, свекор и дедо

ДОКТОР НИКОЛА СЕРАФИМОВСКИ

(1931-2023)

Нашиот сакан Никола со својот оптимизам и позитивен дух не грееше, не штитеше и не радуваше до својата 91 година. Секогаш ведар, весел и гордо исправен до крајот на животот.

И приватно и професионално тој допре голем број луѓе: роднини, пријатели, колеги и пациенти. Ќе го паметиме по големата љубов за својата професија – медицината, за луѓето – особено за дечињата, како и за природата. Неизмерно ја сакаше природата, ги следеше сите промени на околината, се радуваше на цвеќињата, птиците, а особено на сонцето. Залезот на сонцето му беше ритуал, со благодарност за секој доживеан ден. Ќе го паметиме по работливоста и упорноста, големата скромност, оддаденост на фамилијата и неговото големо срце.

Најдраг наш, засекогаш ќе живееш во нашите срца и мисли.

Почивај во мир.

Посмртните останки ќе бидат изложени во капелата на Градските гробишта Бутел на 6.4.2023 година (четврток), од 12 до 13 часот. Погребната церемонија ќе започне во 13 часот.

Со љубов, почит и длабока тага, сопругата Нада, синовите Саша и Даниел, снаата Нада и внуците Николо, Виктор и Матео

Последен поздрав

До нашиот зет, баџанак и тетин

Професор Доктор МИШО ХРИСТОВСКИ

Од семејството Николовски

Жална вест

Ве известуваме дека почина нашиот сопруг, татко и дедо

Професор Доктор МИШО ХРИСТОВСКИ

(1956-2023)

На 5.4.2023 ќе се одржи погребот на Градските гробишта во Делчево во 13 ч.

Од ожалостените: сопругата Наташа, ќерките Верче и Галина, зетот Горан, внуките Доротеа и Теодора

Жална вест

Ве известуваме дека почина нашиот сопруг, татко, дедо

АНГЕЛ АНДРЕЕВСКИ

1948-2023

Телото ќе биде изложено во капела на 5.4.2023 во 11 ч, а погребот ќе се одржи на Градските гробишта Бутел во 12 ч.

Од семејството

СЕЌАВАЊЕ

На 05.4.2023 год. се навршуваат 15 години од смртта на нашиот сакан: сопруг, татко, дедо, свекор

НИКОЛОСКИ СЛАВЕ

Од Охрид

Саканите секогаш живеат во нашите срца и мисли.

Почивај во мир.

Од сопругата Оливера, ќерката Љупка и синот Илија со семејствата.

ТРИГОДИШЕН ПОМЕН

Тригодишен помен на нашата сакана сопруга, мајка и баба

РАТКА БИСЛИМОВСКА

По тој повод во недела  на 2.4.2023г. во 11 часот на Градските гробишта Бутел ќе го посетиме

нејзиниот вечен дом и ќе положиме свежо цвеќе.

Од семејството Бислимовски.

СЕЌАВАЊЕ

Денес се навршуваат седум години од заминување во вечноста на нашиот мил брат

РАЛЕВ ВЛАДИМИР

1932-2016

Твојот ведар дух, приврзаност кон семејството како и кон твојата татковина Македонија ќе ни останат засекогаш во нашето паметење за Тебе.

Братот Ристо и сестрата Верица Петкова со семејствата.

НЕПРЕБОЛ

Една година неизмерна тага и огромна болка, без нашиот најмил татко, свекор и дедо

ТАШИ ШЕКЕРОВ

Тагата не се намалува, празнината е ненадоместлива.

Мили тато, насекаде е присутен твојот благороден лик, твојата добрина, трудољубивост, чесност и истрајност.

И се придружи на мама да ја чуваш во небесите, а нас да ни го осветлувате патот за кој бевте пример и по кој треба да чекориме .

Вечно ќе живееш во нашите срца, љубовта што ни ја даруваше и прекрасните спомени кои ги носиме, засекогаш ќе те чуваат од заборав.

Со љубов и почит засекогаш твоите Ѓоко, Боркица, Марио и Лука.

ЕДНОГОДИШЕН ПОМЕН

На 05.4.2023 година се навршува една година откако не напушти нашиот сакан татко, свекор и дедо

ТАШИ ШЕКЕРОВ

(1947 – 2022)

По тој повод на 01.4.2023 год. (сабота) во 11:00 часот, ќе го посетиме неговиот вечен дом на Градските гробишта во Бутел, да оддадеме почит и положиме свежо цвеќе.

Горди сме што те имавме и секогаш ќе бидеш со нас.

Со љубов и почит синот Ѓорѓи, снаата Боркица и внуците Марио и Лука.

ДВАЕСЕТГОДИШЕН ПОМЕН

 

Дваесет години непребол

ВИОЛЕТА ТРАЈКОВСКА

Остануваш засекогаш со нас

во нашите мисли, срца, сеќавања…

Од сопругот Александар, синот Мирослав и ќерката Лидија со семејствата.

ЖАЛНА ВЕСТ

На 29 март 2023 година почина нашиот сакан и почитуван

ПЕТАР СЛАВЕНСКИ

1932-2023

Погребот ќе се одржи на 30.3.2023 година на Градските гробишта Бутел во 11.00 часот.

Ќе биде изложен во капела од 10.00-11.00 часот.

Почивај во мир.

Вечно ќе бидеш во нашите срца и спомени.

Од семејството

ПОСЛЕДЕН ПОЗДРАВ

На мојата незаменлива другарица

БРАНКИЦА

БРАНИСЛАВА (ЃУКИЌ) ДИМИТРОВСКА

Со Твоето пријателство, бодар дух и големо срце светот стануваше убав!

Каква среќа што те имавме, кумице моја!

Почивај во мир,

Со љубов и тага,

Гордана

IN MEMORIAM

АЛЕКСАНДАР ТИКВАРОВСКИ

(1950-2016)

Останаа тагата и спомените, мил наш

Оле, Искра и Оли

ЖАЛНА ВЕСТ

Си замина, но ќе останеш засекогаш во нашите срца, ќе живееш во спомените!

РИЗОВСКИ МАРЈАН

Погребот ќе биде на 29-ти Март во 12 до 13 часот во капелата во градските гробишта во Бутел.

Почивај во мир најмил татко.

Од најблиските