ТАЖНО СЕЌАВАЊЕ
Деновиве се навршуваат педесет и две години без нашиот татко и папу

ФИЛИП НИКОЛОСКИ
адвокат од Битола
Вечно благодарни за се што ни значеше.
Со љубов и почит ќерките и внуките
ПОСЛЕДЕН ПОЗДРАВ

ВОЈЧЕ КИТАНОВСКИ
Не успеа да ни го покажеш својот раскошен талент.
Замина прерано.
Со почит,
Членови на универзитет Трето доба
Татјана Лучко Јовановиќ
ТАЖНО СЕЌАВАЊЕ
на нашата

САНДРА КИТАНОСКА
(2006-2023)
Минатото не можеме да го смениме, но она што може да направиме е да ги зачуваме убавите спомени поминати со тебе.
Преживеавме уште еден 20 октомври.
Те сакаме и засекогаш си во нашите срца.
Мама, тато, сестрата Билјана, зетот Живко и внуките Бисера и Деница
ДВАНАЕСЕТГОДИШЕН ПОМЕН
Беа и останаа звезда водилка во мојот живот

Проф.ПЕТАР МЛАДЕНОВИЌ
1924-2011
ДРАГАНА
ДВАНАЕСЕТГОДИШЕН ПОМЕН
Беа и останаа звезда водилка во мојот живот

РАДМИЛА МЛАДЕНОВИЌ
1924-2011
ДРАГАНА
ЖАЛНА ВЕСТ

прим. д-р МИРЈАНА АЏИЌ
Сеќавањето на прекрасната и нежна душа на прим. д-р Мирјана Аџиќ засекогаш ќе остане во нашите срца.
Допревте толку многу животи во вашиот живот, а вашите добри дела ќе живеат и после вас. Секогаш ќе останете во нашата меморија и историја.
Лидер, кој остави траги и спомени.
Почивај во мир , наша прим. д-р Мирјана Аџиќ
Од вработените на ЈЗУ Специјализирана болница за геријатриска
и палијативна медицина 13 Ноември – Скопје
ЖАЛНА ВЕСТ
Со длабока жал ги известуваме сите роднини и пријатели дека почина нашата сакана

прим. д-р МИРЈАНА АЏИЌ
Погребот ќе се одржи на 18.10.2023 година од 13:30 до 14:30 часот во Капела на Градските гробишта Бутел.
Од Фамилијата Аџиќ
ТАЖЕН ПОМЕН
Се навршуваат три години откако нé напушти нашиот драг

ТОМЕ ДРАКУЛЕВСКИ
1932-2020
По тој повод на 15.10.2023 година(недела) во 13 часот ќе положиме свежо цвеќе на неговиот вечен дом.
Почивај во мир.
Сопругата Иванка, синовите Слободан и Љубомир со семејствата
Едногодишен помен

ИВАН БОШНАЧКИ
1932-2022
Горди сме на тебе. Остануваш засекогаш во нашите мисли и срца.
Од сопругата Павлина и синот Драган
ПОМЕН
Две години без нашиот сакан

м-р СТЕВАН ОГНЕНОВСКИ
1948-2021
Празнината во нас ја исполнуваме со спомените за твојата љубов, твоите дела, поддршката, посветеноста и грижата за нас.
Бескрајно те љубиме.
Почивај во мир.
Сопругата Маргарита со семејството
Сеќавање

Зорица Петровска
2013-2023
Засекогаш во нашите срца и мисли.
Од семејството
ЧЕТИРИЕСЕТДНЕВЕН ПОМЕН

ЗОРА ПАРТЕНОВА
1933 - 2023
Сестро моја, убавите спомени останаа во мене. Имав 4 години а ти 13 години, кога ми стана втора мајка.
Ти благодарам што се грижеше за мене.
Твојот брат Васко со Савче, Катерина и Розита
Жална вест
Со неизмерна тага во нашите срца ви соопштуваме дека на ден 07.10.2023 почина нашиот сакан

БОРКО ПЕТРЕСКИ
Погребот ќе се одржи на 09.10.2023 (понеделник) на Градските гробишта Ѓорче Петров во 12 часот во Капелата. Спомените за тебе засекогаш ќе останат во нашите сеќавања.
Од семејството
СЕЌАВАЊЕ
36 години без нашиот

ТИХОМИР АНЧЕВ
1915-1987
Засекогаш во нашите срца и мисли.
Ана Анчева Адамчевска и Мирче Адамчевски со децата и нивните семејства
СЕЌАВАЊЕ
20 години без нашата

МИЛКА АНЧЕВА
1922-2003
Засекогаш во нашите срца и мисли.
Ана Анчева Адамчевска и Мирче Адамчевски со децата и нивните семејства
СЕЌАВАЊЕ

ДИМИТРИЈЕ БОШНАКОВ - ЛАБУД
1951-2023
Ни одлета во вечноста школски.
Од твоите другарки и другари од гимназијата “Јосип Броз-Тито” матурантите од 1971
ТАЖНО СЕЌАВАЊЕ
На 9.10.2023 година се навршуваат 17 години од смртта на нашиот сакан и единствен брат

др. МИХАЈЛО ГОНЕВ
(др. МИКИ) од Свети Николе
Се тече, се се менува, само спомените од заедничкиот живот што го поминавме со тебе остануваат вечни.
Твоите сестри : Верица Бојковска ( Гонева) од Куманово и Нада Давчева ( Гонева) од Скопје со своите семејства
ШЕСТМЕСЕЧЕН ПОМЕН
На 7.10.2023 (Сабота) ќе се одржи шестмесечен помен на нашиот сакан татко и сопруг

МИЛЕ МИЛЕНКОВСКИ
1955-2023
По тој повод, на 7.10.2023 (Сабота) во 12:00 часот ќе го посетиме неговиот вечен дом на Градските гробишта Бутел и ќе оддадеме достојна почит.
Засекогаш ќе живееш во нашите срца и мисли.
Од сопругата Оливера и ќерката Бојана со семејството.