врати се на Слободен Печат

Пребарај некролози

ШЕСТМЕСЕЧЕН ПОМЕН

ДУШИЦА ЏИНЛЕСКА

7.3.1938-22.1.2023

,

СЕЌАВАЊЕ

МАРИКА ПАУНОВСКА

Пет години болка, тага и разочарувања се претопија во едно, ги здружија силите во мисија да ги замразиме картите што ни ги подели судбината. Ти беше личноста што секогаш не водеше во вистинска насока и не советуваше секогаш да ѝм веруваме на сопствените инстинкти.

Почивај во мир.

Синот Иво, снаата Лидија и внуците Лука и Ина

СЕЌАВАЊЕ

МАРИКА ПАУНОВСКА

Пет години те нема, но ти остана да живееш во нашите срца. И уште си тука, со нас, секој ден. Пет години морници од тага еруптираат во нашите тела. Сѐ не боли, но ние ја прегрнуваме болката. Ти беше нашиот живот, нашиот компас, нашата ѕвезда северница, која сѐ уште свети и ни го покажува патот.

Почивај во мир.

Синот Игор, снаата Дафина и внукот Борис

СЕЌАВАЊЕ

 МИКА

Поминаа пет години откако замина во вечноста, изгаснувајќи го сонцето на моето небо. Пет години празнината на твоето отсуство одекнува со морничаво ехо во моето срце, а датумот 22.7.2018 година виси како некој ангел на смртта на мојот календар. Во сите мои книги, во секој мој збор, во секоја точка, се криеш ти како полен. Сѐ што напишав во моите книги, е во твој знак. Ах, Мика, ми останува само надежта дека наскоро ќе легнам во твојот гроб и тогаш ќе ти летнам во пресрет, ќе те фатам и ќе останам со тебе во вечна преград пред лицето на бесконечниот. Споени од смртта во рајот, наскоро пак ќе се сретнеме љубов моја, и пак ќе бидеш моја! Моја засекогаш!

МАРИКА ПАУНОВСКА

Вистинската љубов живее и по смртта.

Почивај во мир, жено моја.

Сопругот Борис

 

СЕЌАВАЊЕ

на нашата

ДАНИЦА ХРИСТОВА

2020-2023

Поминаа три години, но вечно ќе те носиме во нашите мисли и срца. Почивај во мир.

Семејство Христов

ДВЕ И ПОЛ ГОДИНИ НЕПРЕБОЛ

 Две и пол години ти со нас, ние без тебе. Две и пол години секој ден срцата ни зборуваат без да го чујат твојот глас. Недостасуваш премногу.

МИТРЕ КАЗАНЏИЕВСКИ

Во сабота во 9 часот ќе го посетиме твоето почивалиште во Бутел.

До следната заедничка прегратка со нашиот љубен син и брат.

Вечна ти слава!

Од таткото Душан, мајката Ружа и сестрата Елена Казанџиевски

ЧЕТИРИЕСЕТДНЕВЕН ПОМЕН

Поминаа 40 дена откако не напушти нашата сакана мајка, свекрва, баба и прабаба

САВКА МАНЕВСКА

По тој повод на ден 21.7.2023(петок) ќе се одржи помен на Градските гробишта Бутел во 10 ч. Ги покануваме сите роднини и пријатели да положиме свежо цвеќе во нејзин спомен.

Од синот Зоран, снаата Сузана со семејството

ПОСЛЕДЕН ПОЗДРАВ

На нашата почитувана сосетка

КЕФСЕР НИКОЛОВСКА

Почивај во мир, драга наша Кефсер.

Од станарите од зградата на Бул. Илинден бр.87 Скопје

ПОСЛЕДЕН ПОЗДРАВ

Со неизмерна тага соопштуваме дека на ден 15.7.2023 година почина нашиот сакан

ВЛАДИМИР РАКОЧЕВИЋ

АДВОКАТ

1932-2023

Ќе живееш во секоја наша приказна, во секој спомен, во секоја солза и секоја насмевка, во сето она што љубов се вика. Ќе живееш во незаборав се додека живеат оние што те сакаат. Засекогаш ќе бидеш наш непребол.

Погребот ќе се изврши на ден 19.7.2023 година на Гробиштата во долно Нерези. Телото ќе биде изложено во црквата Свети Пантелејмон во долно Нерези од 10.30 до 11.30 часот.

Твои Гордана,Тања, Миња, Марија, Дарко

Ивана, Нела, Владимир и Христијан.

ПОСЛЕДЕН   ПОЗДРАВ

На нашиот најдобар и најмил Владимир

ВЛАДИМИР РАКОЧЕВИЋ

1932-2023

Ти беше и остана наша неизмерна љубов и почитување. Зад тебе останува голема мудрост, ведар и насмеан лик.

Твоите внуци, Марија, Дарко, Ивана и Нела