врати се на Слободен Печат

ПОСЛЕДЕН ПОЗДРАВ

ТРАЈЧЕ ЧЕРЕПНАЛКОВСКИ

1953-2023

Секогаш ќе се сеќаваме на Твојата добрина.

Редакција Глобус

ПОСЛЕДЕН ПОЗДРАВ

Со длабока жал ги известуваме сите роднини и пријатели дека нашиот сакан татко и сопруг

МИЛЕ МИЛЕНКОВСКИ

1955-2023

ненадејно почина на ден 10.04.2023 година.

Посмртните останки ке бидат изложени во Капелата на гробиштата Бутел на ден 12.04.2023 во среда од 12:30-13:30 часот.

Погребната церемонија ќе започне во 13:30 часот.

Засекогаш ќе живееш во нашите срца и мисли. Нека ти е светол патот!

Од сопругата Оливера и ќерката Бојана со семејството.

ПОСЛЕДЕН ПОЗДРАВ

НЕБОЈША МЛАДЕНОВИЌ

(1959-2023)

Посмртните останки ќе бидат изложени на 12.4.2023година (среда) во Капелата на Градските гробишта  Бутел од 11 до 12 часот,  погребот ќе се одржи во 12 часот.

 

Од колегите од  Друштвото за ревизија РСМ Македонија

ПОСЛЕДЕН ПОЗДРАВ

На нашиот почитуван

ТРАЈЧЕ ЧЕРЕПНАЛКОВСКИ

(1953-2023)

Долгогодишен Претседател на Академскиот Пливачки-ватерполо клуб „Студент“ и поранешен претседател на Пливачката ватерполо федерација на Македонија.

… Неверување…тага…и непребол за една бескрајна човечка големина…

 

АПВК „Студент“

ПОСЛЕДЕН ПОЗДРАВ

Г-дин ТРАЈЧЕ ЧЕРЕПНАЛКОВСКИ

(1953 – 2023)

Со неверување не изненади веста дека на 6.4.2023, почина г-дин Трајче Черепналковски, долгогодишниот генерален директор на телекомуникацискиот оператор – НЕОТЕЛ.

Г-дин Черепналковски управуваше со НЕОТЕЛ повеќе од 15 години и ја водеше компанијата низ сите предизвици, успевајќи да ја етаблира во реномиран и доверлив партнер како на домашно така и на интернационално ниво.

Како вработени ќе го паметиме како исклучително скромен и ведар лидер кој несебично се залагаше за својот колектив. Беше човек кој неуморно се залагаше да помогне кога е најпотребно. Широко отворената врата од неговата канцеларија го претставуваше токму неговиот карактер на отворен и срдечен човек.

НЕОТЕЛ, во истовреме, загуби лидер и пријател кој сигурно ќе ни недостига со неговата мудрост.

Вечна му слава!

Од вработените во НЕОТЕЛ ДОО

ПОСЛЕДЕН ПОЗДРАВ

Г-дин ТРАЈЧЕ ЧЕРЕПНАЛКОВСКИ

(1953 – 2023)

Изгубивме близок пријател, колега, соработник, член на Одборот на директори на Неоком кој беше со нас од самиот почеток.

Ќе се сеќаваме на него како исклучително добар човек, верен пријател, посветен работник.

Неоком АД Скопје

ПОСЛЕДЕН ПОЗДРАВ

До нашиот сакан

ТРАЈЧЕ ЧЕРЕПНАЛКОВСКИ

1953-2023

Најдраг наш, засекогаш ќе живееш во нашите срца и мисли.

Почивај во мир.

Од братот Славчо со семејството

ПОСЛЕДЕН ПОЗДРАВ

До нашиот прекрасен и сакан

ТРАЈЧЕ ЧЕРЕПНАЛКОВСКИ

1953-2023

Саканите секогаш живеат во нашите срца и мисли.

Почивај во мир.

Од Данче, Соња и Димитар

ЖАЛНА ВЕСТ

Ве исвестуваме дека почина нашиот сопруг и татко

ТРАЈЧЕ ЧЕРЕПНАЛКОВСКИ

1953-2023

Телото ќе биде изложено во капела на 8.4.2023 во 12 ч., а погребот ќе се одржи на Градските гробишта Бутел во 13 ч.

Од сопругата Маја и синот Лука

ПЕТГОДИШЕН ПОМЕН

На 9 Април 2023 година изминуваат пет години исполнети со болка, тага и незаборав за нашата мила и сакана сопруга, мајка, свекрва, баба

АНКИЦА ВУЕВСКА

Бескрајно ни недостасува нејзината добрина, храброст, љубов и потпора кои ни ги пружаше целиот свој живот.

Пет години не си со нас, но за навек си во нас.

Ожалостените: сопругот Живко, ќерката Наде, синот Злате со семејствата

ВО СЕЌАВАЊЕ

ДОГАНЏИСКИ БОРО

1917-2002

ТАТКО, ПОЧИВАЈ ВО МИР…

ОД СИНОТ

МИЛЧО

НЕПРЕБОЛ

Поминаа четири години откако не напушти нашиот сакан сопруг, татко и дедо.

Тагата и болката остануваат вечно во нашите срца.

ДР. ЖИВКО ГРЧЕВСКИ

(1939-2019)

Почивај во мир.

Од семејството Грчевски

ЖАЛНА ВЕСТ

Ги известуваме роднините и пријателите дека не напушти нашиот прекрасен сопруг, татко, свекор и дедо

ДОКТОР НИКОЛА СЕРАФИМОВСКИ

(1931-2023)

Нашиот сакан Никола со својот оптимизам и позитивен дух не грееше, не штитеше и не радуваше до својата 91 година. Секогаш ведар, весел и гордо исправен до крајот на животот.

И приватно и професионално тој допре голем број луѓе: роднини, пријатели, колеги и пациенти. Ќе го паметиме по големата љубов за својата професија – медицината, за луѓето – особено за дечињата, како и за природата. Неизмерно ја сакаше природата, ги следеше сите промени на околината, се радуваше на цвеќињата, птиците, а особено на сонцето. Залезот на сонцето му беше ритуал, со благодарност за секој доживеан ден. Ќе го паметиме по работливоста и упорноста, големата скромност, оддаденост на фамилијата и неговото големо срце.

Најдраг наш, засекогаш ќе живееш во нашите срца и мисли.

Почивај во мир.

Посмртните останки ќе бидат изложени во капелата на Градските гробишта Бутел на 6.4.2023 година (четврток), од 12 до 13 часот. Погребната церемонија ќе започне во 13 часот.

Со љубов, почит и длабока тага, сопругата Нада, синовите Саша и Даниел, снаата Нада и внуците Николо, Виктор и Матео

Последен поздрав

До нашиот зет, баџанак и тетин

Професор Доктор МИШО ХРИСТОВСКИ

Од семејството Николовски

Жална вест

Ве известуваме дека почина нашиот сопруг, татко и дедо

Професор Доктор МИШО ХРИСТОВСКИ

(1956-2023)

На 5.4.2023 ќе се одржи погребот на Градските гробишта во Делчево во 13 ч.

Од ожалостените: сопругата Наташа, ќерките Верче и Галина, зетот Горан, внуките Доротеа и Теодора

Жална вест

Ве известуваме дека почина нашиот сопруг, татко, дедо

АНГЕЛ АНДРЕЕВСКИ

1948-2023

Телото ќе биде изложено во капела на 5.4.2023 во 11 ч, а погребот ќе се одржи на Градските гробишта Бутел во 12 ч.

Од семејството

СЕЌАВАЊЕ

На 05.4.2023 год. се навршуваат 15 години од смртта на нашиот сакан: сопруг, татко, дедо, свекор

НИКОЛОСКИ СЛАВЕ

Од Охрид

Саканите секогаш живеат во нашите срца и мисли.

Почивај во мир.

Од сопругата Оливера, ќерката Љупка и синот Илија со семејствата.

ТРИГОДИШЕН ПОМЕН

Тригодишен помен на нашата сакана сопруга, мајка и баба

РАТКА БИСЛИМОВСКА

По тој повод во недела  на 2.4.2023г. во 11 часот на Градските гробишта Бутел ќе го посетиме

нејзиниот вечен дом и ќе положиме свежо цвеќе.

Од семејството Бислимовски.