Пребарај некролози
ПОСЛЕДЕН ПОЗДРАВ
На мојот најсакан татко
ТАШИ ШЕКЕРОВ
Мил тато,
Тивко си замина. Неможеше да издржиш без твојата Мерче која бескрајно си ја сакаше. И се придружи кај ангелите…
Ти беше столб на нашето семејство, пример за работливост, чесност, хуманост.
Засегогаш ќе ги следам твоите чекори, ти ветувам!
Бескрајно те сакам.
Твојот Ѓоко
ПОСЛЕДЕН ПОЗДРАВ
На нашиот мил и најсакан татко и дедо
ТАШИ ШЕКЕРОВ
Твојата добрина, пожртвуваност, чесност и несебична љубов што ни ја даруваше засекогаш ќе бидат патоказ во нашите животи.
Мил папу, вечно ќе те сакаме и ќе бидеш дел од нашите срца и мисли.
Твоите Ѓоко, Боркица, Марио и Лука
ПОСЛЕДЕН ПОЗДРАВ
ТАШИ ШЕЌЕРОВ
Толку многу незаборавни спомени, со Тебе и со Твојата и нашата Мери!
Останувате сакани додека сме живи.
Почивај во мир, наш Ташко.
Твои, Гордана, Ана, Доменико и Александер
ЖАЛНА ВЕСТ
Со голема тага и болка им соопштуваме на сите роднини и пријатели дека на 05.04.2022 година почина нашиот сакан татко, свекор и дедо
ТАШИ ШЕКЕРОВ
1947-2022
Погребот ќе се изврши на 7.4.2022 година (четврток) во 12:00 часот.
Телото ќе биде изложено во капела на Градските гробишта Бутел од 11:00 часот.
Неизмерно ќе ни недостасуваш.
Со љубов и почит
Синот Ѓорѓи, снаата Боркица и внуците Марио и Лука
ПОСЛЕДЕН ПОЗДРАВ
ВЛАДИМИР БОГОЕВ
11.11.1961-4.4.2022
Од Милорад Стојмановски со семејството
ПОСЛЕДЕН ПОЗДРАВ
ВЛАДИМИР БОГОЕВ
11.11.1961-4.4.2022
Од Миле Јовановски со семејството
ПОСЛЕДЕН ПОЗДРАВ
на нашиот почитуван професор и колега
ПРОФ. Д-Р ЃОРЃИ МАРЈАНОВИЌ
редовен професор на Правниот факултет „Јустинијан Први“ во Скопје на Катедрата за казнено право
1939-2022
Со заминувањето на проф. д-р Ѓорѓи Марјановиќ, Правниот факултет изгуби еден извонреден наставник и одличен педагог, но пред сè ценет колега и пријател.
Ќе останат во вечно сеќавање неговиот богат творечки опус, професионализмот карактеристичен за неговата работа и хуманиот однос кон студентите и колективот.
Од вработените на Правниот факултет „Јустинијан Први“ – Скопје
ПОСЛЕДЕН ПОЗДРАВ
На нашиот драг пријател
Проф. д-р ЃОРЃИ МАРЈАНОВИЌ
Почивај во мир
Оливера со семејството
ПОСЛЕДЕН ПОЗДРАВ
На
Проф. д-р ЃОРЃИ МАРЈАНОВИЌ
Почивај во мир.
Лиле и Боре Крстеви
IN MEMORIAM
Проф. д-р ЃОРЃЕ МАРЈАНОВИЌ
Беше посебен човек. А само посебните се распнати. Само посебните го носат крстот на рамо на патот кон Голготата.
Проф. Елена Градишки – Лазаревска