IN MEMORIAM
Поминаа три години како не си со нас
ЈУЛИЈАНА МИЛИВОЕВИЌ
Вечно си во нашите срца
Од семејството
ТАЖНО СЕЌАВАЊЕ
На нашиот сакан родител
КОСТАДИНКА ЃОЗЕВА
( Род. ШУКРИЕВА)
15 години
Со гордост Те споменуваме и се сеќаваме, со љубов Те чуваме во нашите срца.
Многу ни недостасуваш, почивај во мир.
Ванѓе и Мите Стефанови со внуците, ќерките и зетовците
ТАЖНО СЕЌАВАЊЕ
На нашиот сакан родител
НИКОЛА ЃОЗЕВ
18 години
Со гордост Те споменуваме и се сеќаваме, со љубов Те чуваме во нашите срца.
Многу ни недостасуваш, почивај во мир.
Ванѓе и Мите Стефанови со внуците, ќерките и зетовците
ПОСЛЕДЕН ПОЗДРАВ
на нашата сакана и почитувана сестра, золва, тетка и баба
ЈАГОДА НИКОЛИЌ
Со почит од братот Панче, снаата Гордана со нивното семејство
СЕЌАВАЊЕ
СПАСИЈА-ЦОЦА ПЕТКОВСКА
род. Стикова
2008 - 2022
Времето поминува , а спомените на Тебе се присутни во секој миг од нашиот живот.
Сеќавањата на воспитувањето и животот што ни го подари ќе траат вечно.
Живееше со нас, иако веќе 15 години не Те гледаме и слушаме.
Твојата родителска грижа остави неизбришливи траги во нас и во нашите животи.
Се’ што поминавме заедно не се заборава.
Ти благодариме за се’!
Твоите синови Љупчо и Коле со семејствата.
СЕЌАВАЊЕ
БЛАГОЈА ПЕТКОВСКИ
2007 - 2022
Времето поминува , а спомените на Тебе се присутни во секој миг од нашиот живот.
Сеќавањата на воспитувањето и животот што ни го подари ќе траат вечно.
Живееше со нас, иако веќе 15 години не Те гледаме и слушаме.
Твојата родителска грижа остави неизбришливи траги во нас и во нашите животи.
Се’ што поминавме заедно не се заборава.
Ти благодариме за се’!
Твоите синови Љупчо и Коле со семејствата.
ДВЕГОДИШЕН ПОМЕН
ГРАДИМИР ЈОВАНОВИЌ - КИБИ
2020-2022
Две тажни години без тебе, сакан наш Киби.
Семејство Јовановиќ
ДЕВЕТДНЕВЕН ПОМЕН
На 17.9.2022 се навршуваат девет дена од смртта на нашиот татко и дедо
БОРКО ТАЛЕВСКИ
Горди сме што те имавме и секогаш ќе бидеш со нас. По тој повод, ќе го постиме неговиот вечен дом на градските гробишта Бутел, да дадеме почит и положиме свежо цвеќе.
Со љубов и почит од ќерките, внуките и зетот.
ПОСЛЕДЕН ПОЗДРАВ
АСЕНОВ МИЛОЈЧО
1954-2022
Триесет и седум години заедништво, љубов, искреност. Заедно сите пречки во животот ги совладувавме, заедно тагуваваме и се радуваваме.
А сега мој Мики остави бол, тага и солзи.
Нека ти е светол и отворен патот на крилјата на ангелите кон небесните височини.
Пронајди некое друго достојно место за живеење и нашите души повторно ќе се заедно.
Почивај во мир.
Твојата сопруга Марија Саболиќ Асенова
ПОСЛЕДЕН ПОЗДРАВ
На ден 14.9.2022 година по долго боледување не напушти нашиот сакан сопруг, зет, баџанак и тетин
АСЕНОВ МИЛОЈЧО
1954-2022
Почивај во мир.
Погребот е извршен во кругот на семејството на ден 16.9.2022 година во Скопје.
Од семејствата Диневски, Саболиќ и Асенови
ПЕТ ГОДИНИ – НЕПРЕБОЛ
АНТОНИО РИСТЕВСКИ ( ТОНИ ДИЛЕР)
Со љубов и почитување, низ многу убави спомени те чуваме од заборав. Беше и ќе бидеш секогаш гордост за нас.
Од семејството
ЕДНОГОДИШЕН ПОМЕН
Измина една година откако не е со нас нашиот сопруг, татко и дедо
ЈОВАН ИЉОВСКИ
2021 - 2022
Со љубов, благодарност и почит се сеќавањата и спомените за Тебе.
На 17.9.2022 година во 11 часот ќе го посетиме неговиот вечен дом и положиме свежо цвеќе.
Вечно ќе се сеќаваме на твојата добрина, чесност и пожртвуваност.
Од семејсвото
ПОСЛЕДЕН ПОЗДРАВ
на нашиот другар
СЕРАФИМ ФИМЧО МУРАТОВСКИ
Од неговите другари Андреа Герасимовски и Благоја Иванов
ЕДНОГОДИШЕН ПОМЕН
на 15.9.2022 година се навршува една година од смртта на нашиот сакан и драг татко и дедо
ТОДОР АЏИСАНКОВ
По тој повод ќе го посетиме неговиот вечен дом да положиме свежо цвеќе.
Илијана, Александар, Симона и Марко
ПОСЛЕДЕН ПОЗДРАВ
на нашата сопруга, мајка, баба и прабаба
ДОСТА ПЕТРЕВСКА
на 86 години
Со многу љубов од семејството Петревски
ПОСЛЕДЕН ПОЗДРАВ
СЕРАФИМ ФИМЧО МУРАТОВСКИ
(1931-2022)
споменот на твојата мила и благородна душа ќе остане засекогаш со нас
Со љубов и почит,
твоите најмили
ЖАЛНА ВЕСТ
ЕЛЕОНОРА
1932-2022
Беше осамена бела бреза во пуста пустелија,
Во Твоите очи бликаше радоста на птиците,
во насмевката ја откриваше ведрината на небото
а гласот Ти беше клокот на бисерен кладенец.
Од Твоите нежни дланки извираше дарежливост со љубов,
бдееше и трепереше над тагата на несреќните,
Беше како преплашена срна изгубена во шумите
а го знаеше патот и спасот на другите,
Копнееше за убавите соништа на сите,
а само Твојот сон беше тажна тајна
Живееше за да живеат другите,
ја делеше радоста и тагата
како што лебецот се дели на гладната софра.
Беше создадена за да создаваш добрини,
Дарежливоста ти беше смисла на живеењето –
се беше за другите!
Само болките на Твоето уморно тело
и скриената тага во душата
Беа Твои!
Рики
СЕЌАВАЊЕ
сликарот МИЛЕ КОРУБИН
22 ГОДИНИ
13.9.2000-2022
Со љубов, благодарност и почит се сеќаваме на Тебе. Споменот за тебе не исполнува со многу прекрасни чувства. Благодариме за нежноста, грижата и се што направи за нас, вечно ќе останеш во нашите срца и мисли.
Со љубов, почит и непребол од семејството