ЧЕТИРИЕСЕТДНЕВЕН ПОМЕН

АЛЕКСАНДАР ГЕОРГИЕВСКИ
Саканите никогаш не умираат додека живеат оние кои ги сакаат и оние коишто се сеќаваат на нив и го одржуваат жив убавиот и драг спомен на нив.
Почивај во мир Александар наш, срце и душо наша.
Ќе живееш во секој од нас и со сите нас до нашиот последен здив.
Те сакаат најмногу и засекогаш твоите: мајка Гоцка, татако Кире, брат Петре, вујко Славко и целата твоја фамилија.
ПОСЛЕДЕН ПОЗДРАВ
На нашиот сакан и единствен

БОРИВОЈЕ КРСТЕВ
Архитект
Секогаш ќе живееш во нашите срца и сеќавања.
Погребот е извршен на 4.12.2022 г. во кругот на неговите најмили.
Од семејството Лиле, Јасна и Влатко
ПОСЛЕДЕН ПОЗДРАВ
На мојот сакан татко

БОРИВОЈЕ КРСТЕВ
Архитект
Секогаш ќе бидеш во моето срце.
Од синот Влатко
ПОСЛЕДЕН ПОЗДРАВ
на нашиот сакан и единствен татко и дедо

БОРИВОЈЕ КРСТЕВ
Архитект
Секогаш ќе живееш во нашите срца и сеќавања
Со почит,
Јасна, Стефан, Ана и Петар
СЕЌАВАЊЕ
на

ЉУДМИЛ ГЕОРГИЕВ
24.11.1950-9.12.2021
Помина тажна година од физичката разделба со мојот брат.
Благодарна за се!
Кети Георгиева
НЕЗАБОРАВ
Денес 4.12.2022г. се навршуваат три тажни години од прераната смрт откако неочекувано не напушти нашата непрежалена и сакана сопруга, мајка и баба

ЛИДИЈА ТРАЈКОВСКА
Вечно ќе ни недостасуваш и ќе останеш во нашите животи во најубави и незаборавни сеќавања и спомени.
Нашата љубов постојано е со тебе.
Сопругот Трајко, децата Беки и Анамарија, снаата Џојс, внуците Мартин, Симон, Розалина, Самоил
ЖАЛНА ВЕСТ
Со неизмерна тага и болка ве известуваме дека на 1.12.2022 почина нашиот сопруг, татко и дедо

СТОЈАН СТОЈАНОВСКИ
Почивај во мир најмил наш, секогаш ќе бидеш во нашите мисли. Погребот ќе биде на 03.12.2022 на градските гробишта во Ѓорче Петров во 12ч.
Од фамилија Стојановски
ТАЖНА ВЕСТ

СИМЕОН КАЛЕВСКИ
Почина на ден 28.11.2022 година. Почивај во мир, засекогаш ќе останеш во нашето сеќавање.
Ожалостени сопругата и ќерките со семејствата.
ГОДИШЕН ПОМЕН
На 5.12.2022 година се навршува една година откако не напушти нашиот

Др. МИЛОРАД ЈАЊЕВСКИ
По тој повод на 3.12.2022 г. во 11 часот ќе го посетиме неговото вечно почивалиште на Градските гробишта Бутел, парцела 209/Е алеа 1 , гроб 1
Ожалостени: сопругата Оливера, синот Тома и ќерката Ана со фамилиите
ЧЕТИРИЕСЕТДНЕВЕН ПОМЕН
За нашиот драг другар и пријател

СТЕВО ЕВРОСИМОВСКИ
Дипл.град.инг
1947-2022
Ни фалиш како убава песна стара во коментарите на спортските натпревари во разговорите и сеќавањата за старо Скопје како и за сегашната актуелна политичка состојба во нашата Македонија
Ни фалиш во се поретките средби, а особено твојот избор на омилени песни и незаборавната изведба на Митке во Коштана и ни фалиш…
Почивај во мир!
Од Аврам, Анче, Ѓоко К., Ѓоко Ц., Драган, Драгче, Дуле, Кузе, Кире, Мики, Мишо, Сретен, Ненад, Пота, Попе и Зоран
ГОДИШЕН ПОМЕН

ХАРАЛАМПИЕ ГАЛЕВ
1930-2021
Помина една година од смртта на нашиот татко и дедо.
Поменот ќе се одржи на ден 03.12.2022 година (сабота) со почеток во 12.00часот на Градските гробишта Бутел.
Со љубов, почит и благодарност од семејството
СЕЌАВАЊЕ
На нашиот

РУСЕ СПАСОВСКИ
Град. инж. од Гранит
Три години без нашиот сопруг, татко, свекор и дедо.
Почивај во мир и спокој!
Од сопругата Десанка и синовите Драган и Ивица со семејствата
ПОСЛЕДЕН ПОЗДРАВ
На еден од најголемите масони во Македонија, основополжник и Трет Голем Мајстор на Големата Ложа на Македонија, нашиот ценет и најпочитуван брат

ЈОВИЦА УГРИНОВСКИ
Од неговите браќа“
ЧЕТИРИЕСЕТДНЕВЕН ПОМЕН
На мојот сакан брат

СТЕВИЦА ЕВРОСИМОВСКИ
Замина тивко, нечујно како и што живееше.
Останаа зборови недоречени а тагата и празнината болат.
Твојата сестра Мими со фамилијата
ЧЕТИРИЕСЕТДНЕВЕН ПОМЕН
На 2.12.2022 година (петок) изминуваат 40 тажни денови од заминувањето на нашиот сакан сопруг, татко, дедо и свекор

СТЕВИЦА ЕВРОСИМОВСКИ
(1947 – 2022)
Поменот ќе се одржи на Градските гробишта Бутел во 12часот.
Почивај во мир.
Од семејството

Проф. Д-р ЈОВИЦА УГРИНОВСКИ
Збогум татко, другару, учителу…
Ќе ми недостигаш…
Од синот Емил Угриновски

Проф. Д-р ЈОВИЦА УГРИНОВСКИ
Слава му!
Од менаџерскиот тим и вработените на “Неуромедика”.
СЕЌАВАЊЕ

МАРИЈА ГЕОРГИЕВА ПЕТРИЌ
2017 – 2022
Ја носиме во срцата и секогаш е присутна во мислите, нашата љубена ќерка, сопруга, мајка и сестра
Елви, Иван, Елена и Лидија.