врати се на Слободен Печат

ЕДНОГОДИШЕН ПОМЕН

И по една година сеуште се соочуваме со животната суровост, дека повеќе не си со нас. Со нас го носиме својот непребол, со болката и тагата кон тебе

НИКОЛОВСКИ НИКОЛЧЕ-БУРДУШ

Те молам Боже, испрати му виделина со бескрајна светлина што сјае, посеј му го патот со ѕвезди и испрати пролетен мирис во тишината на неговото спокојство.

Срцето негово стопли го, душата негова скротија.

Со вечна тага и болка кон тебе

Сестрата Гордана со децата Бети, Круме и зетот.

ЧЕТИРИЕСЕТДНЕВЕН ПОМЕН

На 14.8.2022 (недела) година изминуваат четириесет тажни денови откако не е со нас нашиот татко, дедо и свекор

МИЛАН МИШО АНАСТАСОВ

По тој повод  ќе одржиме помен на неговото вечно почивалиште на Градските гробишта Бутел во 10:00 часот.

Од синовите Венцо, Дарко и Бојан со семејствата

ЧЕТИРИЕСЕТДНЕВЕН ПОМЕН

На 14.8.2022 (недела) година изминуваат четириесет тажни денови откако не е со нас нашиот татко, дедо и свекор

МИЛАН МИШО АНАСТАСОВ

По тој повод  ќе одржиме помен на неговото вечно почивалиште на Градските гробишта Бутел во 10:00 часот.

Од синовите Венцо, Дарко и Бојан со семејствата

ШЕСТМЕСЕЧЕН ПОМЕН

Неизмерна болка и љубов засекогаш ке останат во нас.

ТРАЈКО ПАНОВ

1946-2022

Поменот ќе се одржи на 13.08.2022год на неговиот вечен дом на Градските гробишта Бутел. Собирот е во 10ч пред главниот влез.

Од синот и ќерките.

ЖАЛНА ВЕСТ

Со неизмернa болка и тага ги известуваме сите роднини и пријатели дека на ден 9 август 2022 година почина нашиот сакан сопруг, татко и дедо

ДУШКО АНДОНОВ

Посмртните останки ќе бидат изложени во капелата на Градските гробишта Бутел на 11 август 2022 година (четврток) од 10:30 часот. Погребната церемонија ќе започне во 11:30 часот

Од сопругата Султанка, синот Стефан и ќерката Мима со семејствата

ПОМЕН

На денешен ден требаше да го славиме твојот роденден а поминаа болни тажни 6 месеци

МЕТОДИ ПЕТРОВСКИ

Од твоите најмили

IN MEMORIAM

САБОЛИЌ ЈЕЛЕНА

Вечно во нашите срца.

Од најмилите

ПОСЛЕДЕН ПОЗДРАВ

на нашиот најмил татко и дедо

ТРАЈЧЕ ЧЕКОРОВ

Ни беше неисцрпна инспирација, учител и водилка во животот. Засекогаш ќе живееш во нашите срца преку спомените.

Од ќерката Анита, зетот Дејан и внуците Кристијан и Марко

ПОСЛЕДЕН ПОЗДРАВ

на нашиот најмил татко и дедо

ТРАЈЧЕ ЧЕКОРОВ

Почивај во мир жилав борецу, најголем учителу и енциклопедијо. Вечно ќе ни недостига твојата енергија, остар ум и љубовта кон семејството.

Со љубов и почит од ќерката Билјана, зетот Петар, внуките Моника и Карина

 

ПОСЛЕДЕН ПОЗДРАВ

ТРАЈЧЕ ЧЕКОРОВ

Татко мој, се бореше лавовски до последниот миг, знаеше дека оставаш недовршени работи на овој свет кој го менуваше со своите пронајдоци и животни принципи, но остави аманет и патоказ како треба да продолжиме понатаму за доброто на сите.

Ќерката Верче со внуките Фросина и Антонела , зетот Виктор и правнуците

ТАЖНА ВЕСТ

Се известуваат сите роднини,пријатели и колеги дека на 05.08.2022г. не напушти нашиот татко, дедо и прадедо

ТРАЈЧЕ ЧЕКОРОВ

Човек борец ,голем професионалец и заштитник на фамилијата. Посмртните останки ќе бидат изложени во Капелата во Бутел на 06.08 од 11.00 часот. Погребот ќе биде после тоа на гробиштата во Камник.

Од Ќерките Верче,Билјана и Анита, зетовците Петар и Дејан и внуците.

 

СЕЌАВАЊЕ

Прим.д-р СТЕФАН ТАЛЕВСКИ

Сеќавањата на тебе, се спомени полни со спокој…а најважно остварени соништа со кои ја живееме твојата семејна преданост.

Од семејството

СЕЌАВАЊЕ

На ден 07.08.2022 година се навршуваат 25 години од прераната смрт на нашата сопруга, мајка и баба

Д-р НИКОЛИНА СПРОСТРАН – ПРЧКОВ

Секогаш си во нашите мисли сакана и почитувана.

Сопругот Митко, синот Мирко, и ќерката Билјана со семејството

СЕЌАВАЊЕ

Поминаа 20 тажни години без нашиот сакан и никогаш незаборавен сопруг, татко, свекор и дедо

ЉУПЧО БОЈАЏИСКИ

Фамилија Бојаџиски

СЕЌАВАЊЕ

Изминаа петнаесет години од заминување на нашиот татко

ЗОРАН ПОПОВСКИ

Новинар

1937 – 2007

Посебните луѓе оставаат трага позади себе што се памети, големите луѓе со големи срца и умови.

Таков беше и ти. Нема ден да помине а да не си ни во мислите.

Ќерките Татјана и Александра со семејствата

СЕЌАВАЊЕ

на нашиот

ИВАН СОКОЛОВСКИ

Времето поминува, но спомените остануваат вечни.

Од семејството

СЕЌАВАЊЕ

на нашата

ВЕЛИКА СОКОЛОВСКА

Времето поминува, но спомените остануваат вечни.

Од семејството

ДВОГОДИШЕН ПОМЕН

Се навршуваат две години од смртта на нашиот сакан сопруг, татко и дедо

РИСТО РИЧЛИЕВ

По тој повод, на 06.08.2022 година во 09:00 часот ќе го посетиме неговиот вечен дом на Градските гробишта Бутел да положиме свежо цвеќе.

Те носиме во нашите срца и мисли. Почивај во мир.

Од семејството.