врати се на Слободен Печат

ПОСЛЕДЕН ПОЗДРАВ

На ден 14.9.2022 година по долго боледување не напушти нашиот сакан сопруг, зет, баџанак и тетин

АСЕНОВ МИЛОЈЧО

1954-2022

Почивај во мир.

Погребот е извршен во кругот на семејството на ден 16.9.2022 година во Скопје.

Од семејствата Диневски, Саболиќ и Асенови

ПЕТ ГОДИНИ – НЕПРЕБОЛ

АНТОНИО РИСТЕВСКИ ( ТОНИ ДИЛЕР)

Со љубов и почитување, низ многу убави спомени те чуваме од заборав. Беше и ќе бидеш секогаш гордост за нас.

Од семејството

ЕДНОГОДИШЕН ПОМЕН

Измина една година откако не е со нас нашиот сопруг, татко и дедо

ЈОВАН ИЉОВСКИ

2021 - 2022

Со љубов, благодарност и почит се сеќавањата  и спомените за Тебе.

На 17.9.2022 година во 11 часот ќе го посетиме неговиот вечен дом и положиме свежо цвеќе.

Вечно ќе се сеќаваме на твојата добрина, чесност и пожртвуваност.

Од семејсвото

 

ПОСЛЕДЕН ПОЗДРАВ

на нашиот другар

СЕРАФИМ ФИМЧО МУРАТОВСКИ

Од неговите другари Андреа Герасимовски и Благоја Иванов

ЕДНОГОДИШЕН ПОМЕН

на 15.9.2022 година се навршува една година од смртта на нашиот сакан и драг татко и дедо

ТОДОР АЏИСАНКОВ

По тој повод ќе го посетиме неговиот вечен дом да положиме свежо цвеќе.

Илијана, Александар, Симона и Марко

ПОСЛЕДЕН ПОЗДРАВ

на нашата сопруга, мајка, баба и прабаба

ДОСТА ПЕТРЕВСКА

на 86 години

Со многу љубов од семејството Петревски

ПОСЛЕДЕН ПОЗДРАВ

СЕРАФИМ ФИМЧО МУРАТОВСКИ

(1931-2022)

споменот на твојата мила и благородна душа ќе остане засекогаш со нас

Со љубов и почит,

твоите најмили

ЖАЛНА ВЕСТ

ЕЛЕОНОРА

1932-2022

Беше осамена бела бреза во пуста пустелија,

Во Твоите очи бликаше радоста на птиците,

во насмевката ја откриваше ведрината на небото

а гласот Ти беше клокот на бисерен кладенец.

Од Твоите нежни дланки извираше дарежливост со љубов,

бдееше и трепереше над тагата на несреќните,

Беше како преплашена срна изгубена во шумите

а го знаеше патот и спасот на другите,

Копнееше за убавите соништа на сите,

а само Твојот сон беше тажна тајна

Живееше за да живеат другите,

ја делеше радоста и тагата

како што лебецот се дели на гладната софра.

Беше создадена за да создаваш добрини,

Дарежливоста ти беше смисла на живеењето –

се беше за другите!

Само болките на Твоето уморно тело

и скриената  тага  во душата

Беа Твои!

 

Рики

СЕЌАВАЊЕ

сликарот МИЛЕ КОРУБИН

22 ГОДИНИ

13.9.2000-2022

Со љубов, благодарност и почит се сеќаваме на Тебе. Споменот за тебе не исполнува со многу прекрасни чувства. Благодариме за нежноста, грижата и се што направи за нас, вечно ќе останеш во нашите срца и мисли.

Со љубов, почит и непребол од семејството

 

СЕЌАВАЊЕ

Проф. Д-р ВЕРА ДОЛГОВА КОРУБИН

11 ГОДИНИ

11.9.2011-2022

Со љубов, благодарност и почит се сеќаваме на Тебе. Споменот за тебе не исполнува со многу прекрасни чувства. Благодариме за нежноста, грижата и се што направи за нас, вечно ќе останеш во нашите срца и мисли.

Со љубов, почит и непребол од семејството

 

ЧЕТИРИЕСЕТДНЕВЕН ПОМЕН

Поминаа четирисет тажни денови исполнети со болка,секојдневно недостасување на твоето присуство и совети .Четирисет дена откако физички не напушти но секојдневно си во нашите мисли и срца.

ЧЕКОРОВ ТРАЈЧЕ

По тој повод ги покануваме сите роднини,пријатели ,колеги и соседи да го посетиме неговото вечно почивалиште на Гробиштата во Камник на 13.09. во 10.00 часот и уште еднаш да се собереме во негова чест и му оддадеме почит.

од Ќерките Верче ,Билјана и Анита со зетовците Петар и Дејан и внуците.

ЖАЛНА ВЕСТ

На 8.9.2022 година почина нашиот дедо и татко

ЖИВКО ПЕТРУШЕВСКИ

(1930-2022)

Почивај во мир.

Од семејството

ВО СЕЌАВАЊЕ

МАРИЈА ДОГАНЏИСКА

1925-2003

ОД СИНОТ МИЛЧО

ШЕСТМЕСЕЧЕН ПОМЕН

Изминаа 6 месеци од како не напушти омилената братучетка, другарка и пријателка

ЉУБИНКА ШАТУЛЕНКО

Поменот ќе се одржи на Градските гробишта БУТЕЛ

Од Лиле и Бранко Георгиевски со фамилијата.

ЖАЛНА ВЕСТ

На 5.9.2022 година почина нашиот сакан

ЛАЗАР ДАНОВ

(1950-2022)

Со љубов, од семејството Данови

ЖАЛНА ВЕСТ

На 2-ри септември почина нашата најсакана мајка, баба и свекрва Емилија

ЕМИЛИЈА ДАМЈАНОВИЌ

(1948 - 2022)

Почивај во мир, вечно ќе си со нас.

Од семејството

ЖАЛНА ВЕСТ

На 6-ти август 2022 година почина нашиот татко, сопруг, брат и кум

ИВАН ТОПАЛОВСКИ

Од Скопје

Погребот ќе се одржи на 4-ти септември 2022 година во 10 часот на Градските гробишта Бутел.

Почивај во мир.

Од семејството

ШЕСТМЕСЕЧЕН ПОМЕН

 На нашиот мил, сакан, почитуван и никогаш незаборавен син, сопруг, татко и брат

ВИКТОР ПАВЛОВ

(1970-2022)

Деновите се нижат, тагата е неизмерна. Ни одлета така брзо, нечујно… сеуште не сме свесни дека те нема.

Насекаде околу нас е присутна твојата широка насмевка и ведрина, одекнуваат твоите зборови полни со милост, топлина и љубов.

Додека постоиме и дишеме, Ти си нераскинлив дел од нас.

Поменот ќе се одржи во сабота на ден 03.09.2022 година, во 10 часот на Градските гробишта Бутел.