СЕЌАВАЊЕ
Поминаа 25 години без тебе, од твоето прерано болно заминување наш сакан сопруг, татко и дедо

Д-р ЉУБЕ ЗАТУРОСКИ
1997-2022
Спомените и сеќавањата останаа вечно во нашите срца.
Сопругата Будимка, ќерките Даниела и Маја со семејствата
ТРИГОДИШЕН ПОМЕН
Со непреболена тага и болка Ве известуваме дека на 3-ти Февруари 2022 година се навршија 3 години од упокојувањето на нашата мајка, тетка, вујна, баба и прабаба

ЕЛЕНА ГРУЕВА
Ги известуваме сите роднини и пријатели дека поради ковид мерките поменот беше извршен на Градските гробишта Бутел во кругот на потесната фамилија.
Од семејството Груеви
ТАЖЕН ПОМЕН
Се навршува една година од смртта на нашата сопруга мајка и баба

ДУШАНКА ЃОРЃИЕВА
род. ИВАНОВА
По тој повод ќе го потсетиме нејзиното вечно легло на гробиштата во Бутел, на 6.2.2022 година, недела, во 12 часот, и ќе положиме свежо цвеќе.
Ужалени: сопругот Ристо, ќерката Елена и внуците Методија и Дамјан.
ПОСЛЕДЕН ПОЗДРАВ
на нашата тетка

ВЕРА СТОЈКОВСКА
Со љубов и почит од внуката Биљана и зетот Благоја
СЕЌАВАЊЕ
Во месец февруари се навршуваат

НИКОЛА ДИМИТРОВСКИ-КОЛИЧ
34 години од смртта на нашиот татко
За неговиот благороден лик, спомените вечно ќе останат во нас.
Од синот и ќерката
СЕЌАВАЊЕ

ЛЕПОСАВА ПЕТРОВИЌ
(2002-2022)
Секогаш во нашите мисли и срца.
Твоите Соња и Мики со семејството
ПОСЛЕДЕН ПОЗДРАВ
на сваќата

ВЕРА СТОЈКОВСКА
Почивај во мир и спокој.
Од сватовите Ленче и Драган
ПОСЛЕДЕН ПОЗДРАВ
на мојата сестра

ВЕРА СТОЈКОВСКА
која почина на 30.1.2022 г.
Погребот беше извршен на 31.01.2022 г. на Градските гробишта Бутел.
Со почит и љубов од братот Тале
СЕЌАВАЊЕ
Во месец февруари се навршуваат

ЦВЕТАНКА ДИМИТРОВСКА
9 години од смртта на нашата мајка
За нејзиниот благороден лик, спомените вечно ќе останат во нас.
Од синот и ќерката
ЕДНОГОДИШЕН ПОМЕН
Измина една тажна година откако прерано не напушти нашата сакана и незаборавена сопруга, мајка и баба

Проф. д-р ТАТЈАНА ПЕТКОВСКА
Утеха нема, болката и тагата не поминуваат, заборав не постои. Горди сме што те имавме, секогаш ќе се сеќаваме на твојата добрина, насмевка и верност кон фамилијата.
Во сабота на 5.2.2022 година во 11 часот ќе го посетиме нејзиниот вечен дом на Градските гробишта Бутел да и оддадеме достојна почит и благодарност.
Твоите најблиски сопругот Коле и ќерките Билјана и Анета со семејствата
ГОДИШЕН ПОМЕН
На 19.2.2022 година се навршува една година откако не напушти нашата сакана сопруга, мајка и свекрва

СНЕЖАНА ПАТАЛОВСКА
По тој повод на ден 5.2.2022 година (сабота) в0 11:30 часот, ќе го посетиме нејзиниот вечен дом и ќе и оддадеме достојна почит.
Времето поминува, но споменот на твојата племенита и искрена душа не избледува, засекогаш останува во нашите души и срца.
Ни недостасуваш бескрајно…
Од семејството Паталовски Славе, Маја, Тања и Александар
СЕЌАВАЊЕ

МИРКО ПОПОВСКИ
2019-2022
Нема ден без мисла со љубов и тага за тебе.
Од семејството
СЕЌАВАЊЕ

Проф.д-р ТИХОМИР КРЦКОСКИ
3.2.2012-3.2.2022
И после десет години времето не ја намалува болката од твоето прерано заминување.
Ќерката Нена, сестрите Невена и Зорица, внуците Ѓокица и Мише со семејствата
ПОСЛЕДЕН ПОЗДРАВ
на нашиот почитуван колега и пријател

ВЛАДИМИР ГРКОВСКИ
од Управниот одбор, Надзорниот одбор и колегите од Макпетрол АД Скопје
ПОСЛЕДЕН ПОЗДРАВ

БРАНКА БОГУЧЕВСКА
1949-2022
Со огромно жалење Ве известуваме дека почина нашата сакана мајка, сопруга и баба.
Засекогаш во нашите срца. Погребот ќе се одржи на 2.2.2022 на Градските гробишта Бутел од 14ч.
од семејството Богучевски.
ТАЖЕН ПОМЕН
Изминаа 40 тажни денови од смртта на нашата почитувана и сакана мајка, баба и прабаба

ЉУБИЦА САЛАТОСКА
По тој повод, денес 2.2.2022 година(среда) на Градските гробишта Бутел ќе го посетиме нејзиниот вечен дом и ќе положиме свежо цвеќе и ќе и оддадеме достинствена благодарност .
Со длабока почит вечно ќе се сеќаваме на твојот лик и племенита душа драга мајко
од ќерките Виолета, Милка и Јадранка со семејствата
ТАЖНА ВЕСТ
Ве известуваме дека на 29.1.2022 година почина нашата сакана

ТАТЈАНА ОНЧЕВСКА
Поради пандемиските околности, погребот се одржа на 31.1.2022 г. во присуство на најтесното семејство. Ќе ни недостасува моќното присуство на една исклучителна, благородна личност. Нека почива во мир.
Од семејството Ончевски
IN MEMORIAM

НИНА ГРАДИШКА
2005-2022
И денес ни недостасуваш многу, многу, многу…
Оле со децата