ПОСЛЕДЕН ПОЗДРАВ
до нашата баба
КОРНЕЛИЈА МРАКОВА ПЕЈОВСКА
(1928 – 2022)
За прекрасната грижа што ни ја имаш дадено за нашето детство во Козле, за сведоштвата за Граѓанската војна во Грција, за пренесување на храброста што си ја имала во свои 20ти години да се бориш за татковината со пушка во рака, за пренесување на љубовта за родниот крај, за непресушната креативност и авторство, за твојот интегритет и добрина, за неверојатната меморија, луцидност и издржливост
Ти благодариме и те сакаме баба Кона.
Сега езерото и Пателе се повторно твои.
Неда, Елена, Илина, Огнен, Христијан и Александра
ЖАЛНА ВЕСТ
Со длабока болка им соопштуваме на сите роднини и пријатели дека на 27.2.2022 почина нашата мајка, свекрва, баба и прабаба
КОРНЕЛИЈА ПЕЈОВСКА
родена МРАКОВА
1928 - 2022
Погребот ќе се изврши на ден 1 март 2022 во 12 и 30, во капела од 12 ч., на Градските гробишта Бутел.
Со голема љубов, благодарност и почит, ќерките Лилјана и Софка и синот Златко со семејствата