ЖАЛНА ВЕСТ

Проф. Др. ГЕОРГИ ЧАДЛОВСКИ
Дедо ќе фалиш,
Пребрзо не напушти, прерано си замина, останаа толку зборови недоречени, останаа толку блескави идеи недовршени…
Беше човек кој даваше, беше човек кој создаваше, беше човек кој критикуваше, но беше човек кој не воздигнуваше барајќи го најдоброто од себеси не очекувајќи ништо за возврат, беше столб на нашето семејство, живееше за нас и сега треба да научиме да живееме без тебе…
Дедо празнината што ја оставаш е огромна, но твојот неуморен дух ќе продолжи да живее преку твоето дело, твојата приказна не завршува тука бидејќи ќе продолжи да живее во нашите мисли, во честите спомнувања во добро, преку твоите правнучиња, преку се што ти си создал и си помогнал да создадеш.
Погребот на Проф. Др. Георги Чадловски ќе се одржи во среда, 13ти јули 2022 година, со почеток во 11:00 часот, на градските гробишта Бутел, Скопје.
Дедо ќе фалиш,
Од семејството