ЖАЛНА ВЕСТ

ЕЛЕОНОРА
1932-2022
Беше осамена бела бреза во пуста пустелија,
Во Твоите очи бликаше радоста на птиците,
во насмевката ја откриваше ведрината на небото
а гласот Ти беше клокот на бисерен кладенец.
Од Твоите нежни дланки извираше дарежливост со љубов,
бдееше и трепереше над тагата на несреќните,
Беше како преплашена срна изгубена во шумите
а го знаеше патот и спасот на другите,
Копнееше за убавите соништа на сите,
а само Твојот сон беше тажна тајна
Живееше за да живеат другите,
ја делеше радоста и тагата
како што лебецот се дели на гладната софра.
Беше создадена за да создаваш добрини,
Дарежливоста ти беше смисла на живеењето –
се беше за другите!
Само болките на Твоето уморно тело
и скриената тага во душата
Беа Твои!
Рики