врати се на Слободен Печат

ЖАЛНА ВЕСТ

Ги известуваме роднините и пријателите дека не напушти нашиот прекрасен сопруг, татко, свекор и дедо

ДОКТОР НИКОЛА СЕРАФИМОВСКИ

(1931-2023)

Нашиот сакан Никола со својот оптимизам и позитивен дух не грееше, не штитеше и не радуваше до својата 91 година. Секогаш ведар, весел и гордо исправен до крајот на животот.

И приватно и професионално тој допре голем број луѓе: роднини, пријатели, колеги и пациенти. Ќе го паметиме по големата љубов за својата професија – медицината, за луѓето – особено за дечињата, како и за природата. Неизмерно ја сакаше природата, ги следеше сите промени на околината, се радуваше на цвеќињата, птиците, а особено на сонцето. Залезот на сонцето му беше ритуал, со благодарност за секој доживеан ден. Ќе го паметиме по работливоста и упорноста, големата скромност, оддаденост на фамилијата и неговото големо срце.

Најдраг наш, засекогаш ќе живееш во нашите срца и мисли.

Почивај во мир.

Посмртните останки ќе бидат изложени во капелата на Градските гробишта Бутел на 6.4.2023 година (четврток), од 12 до 13 часот. Погребната церемонија ќе започне во 13 часот.

Со љубов, почит и длабока тага, сопругата Нада, синовите Саша и Даниел, снаата Нада и внуците Николо, Виктор и Матео

Жална вест

Ве известуваме дека почина нашиот сопруг, татко и дедо

Професор Доктор МИШО ХРИСТОВСКИ

(1956-2023)

На 5.4.2023 ќе се одржи погребот на Градските гробишта во Делчево во 13 ч.

Од ожалостените: сопругата Наташа, ќерките Верче и Галина, зетот Горан, внуките Доротеа и Теодора

Жална вест

Ве известуваме дека почина нашиот сопруг, татко, дедо

АНГЕЛ АНДРЕЕВСКИ

1948-2023

Телото ќе биде изложено во капела на 5.4.2023 во 11 ч, а погребот ќе се одржи на Градските гробишта Бутел во 12 ч.

Од семејството