ПОСЛЕДЕН ПОЗДРАВ
Наша најмила тетичко и омилена баба Видо

ВИДА ЃОРЃИЕВСКА
(1936-2023)
Вечно сме ти благодарни за несебичната грижа и посветеност кои ги имаше секогаш за сите нас. Ќе те паметиме по твојата кроткост, гордост и неверојатна педантност. Неизмерно ќе ни фалат твоите приказни и прекрасни моменти поминати во нашата Богомила.
Почивај во мир,
Твоите Љубенка, Мате, Ѓоре, Елена, Ана, Јан, Мика и Алек Ѓорѓиевски
ПОСЛЕДЕН ПОЗДРАВ
на нашата најмила другарка и старосватица

ГОРДАНА ПЕТРОВИЌ
Замина прерано, но остави неизбришлив траг во нашите животи со својата добрина, ведрина, храброст и мудрост.
Благословени сме што имавме ваков ангел во нашите животи и секогаш ќе те чуваме во срцата и спомените.
Од твоите најдобри другари Анита и Дејан
ПОСЛЕДЕН ПОЗДРАВ
Со голема тага се простуваме од нашата сакана мајка, сопруга, ќерка и сестра

ГОРДАНА ПЕТРОВИЌ
Погребот ќе се одржи на 13.7.2023 во 11.30ч на Градските гробишта Бутел
Засекогаш ќе останеш во нашите срца, секогаш насмеана.
Последен поздрав од сопругот, синовите, родителите, братот и снаата