ЖАЛНА ВЕСТ
Универзитет ,,Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, Економски факултет – Скопје, со голема тага ја известува академската зaедница, како и сите деловни пријатели и соработници дека на ден 6.10.2024 година, почина нашиот истакнат и ценет редовен професор во пензија
Проф. д-р Љубиша Монев
Со неговата смрт, Факултетот изгуби ценет и признат професор, кој со својот труд и залагање придонесе за поголема препознатливост на Економскиот факултет – Скопје, како високообразовна институција во земјата и надвор од неа.
Неговиот лик на беспрекорен професор ќе остане во трајно сеќавање.
Комеморативната седница, по повод смртта на проф. д-р Љубиша Монев ќе се одржи на 9.10.2024 година, на Економскиот факултет – Скопје со почеток во 11:30 часот.
Универзитет ,,Св. Кирил и Методиј“ во Скопје
Економски факултет – Скопје