ПОСЛЕДЕН ПОЗДРАВ
на нашата почитувана професорка и колешка

ПРОФ. Д-Р МИРЈАНА ПОЛЕНАК АЌИМОВСКА
редовен професор во пензија на Правниот факултет „Јустинијан Први“ - Скопје при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје
1944-2025
Со смртта на проф.д-р Мирјана Поленак Аќимовска, загубивме драга и почитувана колешка, автор на бројни научни и стручни трудови, успешен интелектуалец, извонреден предавач и одличен педагог.
Ќе останат во вечно сеќавање нејзиниот богат творечки опус, професионализмот карактеристичен за нејзината работа и хуманиот однос кон студентите и колективот.
Посмртните останки на проф.д-р Мирјана Поленак Аќимовска ќе бидат изложени во капелата на Градските гробишта во Бутел на 28.06.2025 година (сабота) од 9-10 часот.
Од вработените на Правниот факултет „Јустинијан Први“ – Скопје
при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје