ЖАЛНА ВЕСТ
Со длабока тага соопштуваме дека на 9.11.2025 престана да чука големото и благородно срце на нашиот сакан
Димитрије Димишковски
30.08.1936 – 9.11.2025
Погребот ќе се изврши на 11.11.2025 година (вторник) на градските гробишта Бутел во Скопје, (капела од 12-13 часот).
Со безмерна љубов, благодарност и почит
Твоите
Билјана и Ана со семејствата
ПОСЛЕДЕН ПОЗДРАВ
на нашиот почитуван професор и колега
ПРОФ. Д-Р ТРАЈАН БЕНДЕВСКИ
редовен професор во пензија на Правниот факултет „Јустинијан Први“ - Скопје при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје
1937-2025
Со смртта на проф.д-р Трајан Бендевски, загубивме драг и почитуван колега, автор на бројни научни и стручни трудови, успешен интелектуалец, извонреден предавач и одличен педагог.
Ќе останат во вечно сеќавање неговиот богат творечки опус, професионализмот и посветеноста карактеристични за неговата работа и хуманиот однос кон студентите и колективот.
Посмртните останки на проф.д-р Трајан Бендевски ќе бидат изложени во капелата на Градските гробишта во Бутел на 11.11.2025 година (вторник) од 12,30-13,30 часот.
Од вработените на Правниот факултет „Јустинијан Први“ – Скопје
при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје
ЖАЛНА ВЕСТ
Со длабока болка и тага соопштуваме дека на 9.11.2025 година почина нашиот сакан сопруг, татко и дедо
проф. д-р ТРАЈАН БЕНДЕВСКИ
Погребот ќе се одржи на 11.11.2025 (вторник), во капела од 12:30-13:30 часот, на Гробиштата Бутел.
Секогаш во нашите срца со љубов и почит.
Почивај во мир.
Од сопругата Ружица Бендевска
и децата Игор и Искра
ПОСЛЕДЕН ПОЗДРАВ
Со благодарност за сите години љубов се простуваме од нашиот сакан татко, свекор и дедо
проф. д-р ТРАЈАН БЕНДЕВСКИ
Твоето присуство ќе остане дел од нас засекогаш.
Почивај во мир.
Од синот Игор, снаата Соња
и внуците Ена и Филип