СЕЌАВАЊЕ
На ден 24.10.2021 година се навршуваат 4.5 (четири и пол) години како Ти го остави своето гнездо кое Ти го створи и одлета многу далеку, не се врати и никогаш нема да се вратиш.

Љубица Коруноска
Твојата слика стои на масата во дневната соба опкружена со свежи цвеќиња. Цвеќето кое ти го купи рашири гранки и ја прегрна твојата слика и цврсто ја чува. Твојот вечен дом го посетуваме секој празник и секој викенд носиме цвеќе, палиме свеќа, ја бацуваме твојата слика на каменот, седиме на дрвената клупа и очекуваме да
се појавиш да те видиме, но ти не се појавуваш. Со насолзени очи заминуваме со мисла дека идниот викенд ќе се појавиш.
Почивај во мир сакана и мила.
Од твоето мило и сакано семејство