ЕДНОГОДИШЕН ПОМЕН

ДАНА МУКАЕТОВА
Денеска се навршува една година откако сме без тебе. Многу ни недостигаш. Тажни сме без тебе.
Глигор, Ласко, Лилјана и Дорота
ОСУМГОДИШЕН ПОМЕН

ЉУПЧЕ ГОЦЕВСКИ
„ДАРДО”
Осум години без тебе ништо повеќе не е исто, ни денот е ден, ни ноќта е ноќ, само болката е иста.
Времето што помина без тебе не носи заборав, туку љубов, сеќавање и спомени внуче наше Љупче.
На 20.12.2021 г. ќе положиме свежо цвеќе на неговиот вечен дом во Струмица
Баба и Дедо
С Е Ќ А В А Њ Е

ПАВЛИНА МАЈНОВА
2011-2021
Поминаа десет години од твоето заминување.
Спомените и сеќавањата остануваат вечни.
Сопруг Петре Мајнов
ЕДНОГОДИШЕН ПОМЕН
За нашата почитувана сопруга и мајка

ЦВЕТАНКА ЖУНГУЛОВА
1946-2020
По тој повод на 18-ти Декември, ќе го посетиме нејзиниот вечен дом, и ќе положиме свежо цвеќе.
Секогаш останува во нашите мисли и сеќавања, за годините поминати заедно.
Од сопругот Ратко, со синовите Владимир и Бојан
ТРИГОДИШЕН ПОМЕН

НАДА ЛУКИЌ
Поминаа три години.
Во срцата на нашите деца, нашите внуци се слуша рефренот за твоите очи, како сиви галаби мила моја
Твој Пецо со децата и внуците
ШЕСТМЕСЕЧЕН ПОМЕН
На нашиот мил, сакан, почитуван и никогаш незаборавен брат, шура, вујко и дедо

Д-р.СЛОБОДАН ВАСЕВСКИ
Хирург од Скопје
По тој повод на 19.12.2021 г. ( недела) во 11 часот ќе го посетиме неговиот вечен дом на Градските гробишта Бутел, ќе положиме свежо цвеќе и ќе му оддадеме достојна почит.
Со неизмерна почит, сестрата Гордана, зетот Панче, внуците Игор и Младен со семејствата