ЕДНОГОДИШЕН ПОМЕН
Одбележуваме една тажна година од смртта на нашиот сакан сопруг, татко и дедо.

ВАСИЛ АЛЕКСОВ
По тој повод, на 25.12.2021 година, во 11:00 часот ќе го посетиме неговото вечно почивалиште на Градските гробишта Бутел да оддадеме почит.
Во мислите и срцата навираат твоите спомени и дела, правејќи нè горди и благодарни што те имавме во нашите животи.
Сакан наш, нека те следи нашата љубов, имај светол пат и почивај во мир.
Од сопругата, синот и внуките.
ШЕСТМЕСЕЧЕН ПОМЕН
На нашата мила, сакана, почитувана и никогаш незаборавна сопруга, мајка, свекрва и баба

МЕРИ ШЕКЕРОВА
По тој повод, на 25.12.2021 год. (сабота) во 12:00 часот, ќе го посетиме нејзиниот вечен дом на Градските гробишта Бутел, да оддадеме достојна почит и положиме свежо цвеќе.
Засекогаш ќе те носиме во нашите срца.
Со љубов и почит сопругот Таши, синот Ѓорѓи, снаата Боркица и внуците Марио и Лука
НЕПРЕБОЛ
Шест месеци на неизмерна тага и огромна болка, без Тебе, Твојата неизмерна љубов и добрина, посветеност и грижа за сите нас.

МЕРИ ШЕКЕРОВА
Деновите се нижат, тагата е неизмерна. Ни одлета така брзо, нечујно… сеуште не сме свесни дека те нема.
Насекаде околу нас е присутна твојата широка насмевка и ведрина, одекнуваат твоите зборови полни со милост, топлина, љубов и безрезервна поддршка.
Мери, ти си незаборавна сопруга, мајка, свекрва и баба, твоите дела и љубовта што ни ја даруваше Те прават безвременска и вечна!
Споменот за Тебе е највредниот дар што го носиме во нашите срца.
Со љубов и почит засекогаш твоите Таши, Ѓоко, Боркица, Марио и Лука
С Е Ќ А В А Њ Е
Во сабота на 25.12.2021 година ќе се сетиме на нашата најмила сопруга и мајка

ХАРИКЛИЦА К. ВЕЛКОВСКА
Поминаа дваесет години без тебе,дваесет години тага и непребол. Се сеќаваме сега и засекогаш.
Твоите: Томе, Калина и Атанас