врати се на Слободен Печат

ТАЖЕН ПОМЕН

Измина една тажна година од смртта на нашиот сакан сопруг, татко и дедо

СПАСЕ ТОЛЕВСКИ

(1934 - 2021)

Поменот ќе се одржи на 9.1.2022 г. во 13 часот на Градските гробишта Бутел.

Една година без требе – празнина без утеха. Твојот лик и благородна душа, полни со добрина и љубов ќе живеат вечно, а спомените ќе ги чуваме најсилно во нашите срца. Сакан наш, почивај во мир и имај светлина во душата.

Твои: сопругата Златица, синот Сашо, ќерката Билјана, зетот Ѓоко и внуците Методиј, Марија и Андреј.

ЕДНА ГОДИНА

без нашиот сакан сопруг, татко и дедо

ИВАН ЃОРГИЕВ

На 7.1.2022 година се навршува една година откако физички замина во вечноста. Велат дека се има свое време, време за радост, време за тага и време за разделба, а конечната физичка разделба боли.

Ни недостасуваш. Ти благодариме од се срце за тоа што беше добар со сите нас, не сакаше и на сите им помагаше. Засекогаш ќе те носиме во нашите срца.

Почивај во мир

Сопруга Олгица, ќерка Светлана, син Александар, снаа Цеце и најмалите Ана Марија, Марко и Дариан

ТАЖЕН    ПОМЕН

поминаа 40  дена без

СЛАВИЦА СПИРОСКА

на 68 години

Ни недостсуваш, но, ние никогаш нема да те заборавиме! Те сакаме! Ти благодариме за се!

Почивај во мир!

 Поменот ќе се одржи на ден 10 Јануари 2022 година ( понеделник )  во 12,30 часот  на Градските гробишта во Бутел, Скопје.

Од  семејството

ГОДИШЕН ПОМЕН

Една година непребол. Помина една година за нас најтешка откако го изгубивме нашиот мил и никогаш непрежален сопруг, татко и дедо

ЈОРДАН МАЛИМИНОВ

Во недела на 9.1.2022 во 11 часот ќе го посетиме неговиот вечен дом на гробиштата во Неготино.

Сопругата Јорданка, ќерките Ленче и Соња со фамилиите

ТРИГОДИШЕН ПОМЕН

За мојата драга

ФИМКА ТАНЕЛОВСКА

На 10.1.2022 година изминуваат три тажни години од нејзината прерана смрт. По тој повод ќе го посетиме нејзиниот вечен дом во 12 часот и ќе положиме свежо цвеќе.

Секогаш ќе останеш во моите мисли. Почивај во мир моја драга.

Сопругот Љубомир Танеловски

ЕДНОГОДИШЕН ПОМЕН

На 7.1.2022 година се навршува една година од кога не си повеќе со нас.

ДРАГОСЛАВ МЛАДЕНОВИЌ

Бескрајно ни недостасуваш.

Сопругата Бранкица и синовите Петар и Марко

ЕДНОГОДИШЕН ПОМЕН

МИЛАН ТАСЕВСКИ

Тато, измина 1 година на болка и тага во нашите срца поради твоето заминување од нашиот живот. Почивај во мир.

Ќерката и синот со семејствата

ЕДНОГОДИШЕН ПОМЕН

ДРАГОСЛАВ МЛАДЕНОВИЌ

1956-2021

Легендите живеат вечно

Твој Марко

СЕЌАВАЊЕ

На 7.1.2022 година се навршува една година од заминувањето на мојот еден, единствен брат

Проф.д-р ДРАГОСЛАВ МЛАДЕНОВИЌ-МЛАЃО

Абдоминален хирург

”Подолго од животот„

Драгана

ЧЕТИРИЕСЕТДНЕВЕН ПОМЕН

на нашиот сакан син, брат и вујко

СЛАВИША КАЈЕВСКИ

По тој повод на 10.1.2022 година во 10 часот ќе го посетиме неговиот вечен дом на гробиштата во с. Орман

Ќе те носиме во нашите срца и мисли засекогаш. Горди сме што те имавме, твојата големина како личност, твоите животни постигнувања, твоето благородно срце и твојата насмевка засекогаш ќе бидат дел од сите нас.

Со неизмерна тага и вечен спомен од семејството.