ТАЖЕН ПОМЕН
Пред една година, на 29.1.2021 нè напушти нашиот сакан и непрежален сопруг, татко, свекор и дедо

ВЛАДИМИР ВОИНОВСКИ
Тагата е голема, недостасуваш секој ден, но спомените остануваат засекогаш.Беше почитуван човек што зрачеше со топлина, имаше убав збор и ведра насмевка. Твоите животни достигнувања, се плодна почва за следни поколенија и генерации.
Сеќавањата остануваат да живеат со нас.
Поменот ќе се изврши на 28.1.2022 во кругот на семејството.
Ожалостени
Сопругата Олга Воиновска со децата Кирил и Даниел со семејствата.
НЕПРЕБОЛ
1095 дни

Др. КАТЈА ПАУНОВСКА
Стоматолог
Катја, љубов моја.
Мајка ми ме роди.
Ти ме одгледа.
Твојот Кирил
ТАЖЕН ПОМЕН
Изминуваат 3 години од упокојувањето на нашата мајка и баба

НАДЕЖДА ТОКАРЕВА
Род. КОЦЕВА
1934-2019
Времето не ја излечи болката, ја потисна длабоко во душата и ја претвори во вечна тага и непребол.
Мила мамо, со гордост и почит те носиме во мислите, со љубов те чуваме во срцето! Ти си нашиот ангел чувар, почивај во мир!
Поменот ќе се одржи во Соборниот храм „Св. Климент Охридски ” во Скопје во недела (30.1.2022) во 11 часот.
Твоите најмили Марија, Викторија и Александар
ЧЕТИРИЕСЕТДНЕВЕН ПОМЕН

СЛОБОДАНКА АНТОНИЈЕВИЌ
Утре, Сабота, (29 Јануари) се навршуваат 40 дена од смртта на нашата сакана и непрежалена сопруга, мајка, свекрва и баба.
Поменот ке се одржи на градските гробишта Бутел во 12 часот
Од сопругот Богољуб и синот Игор со семејството
СЕЌАВАЊЕ
На 1.2.2022 година се навршуваат дванаесет години откако не напушти нашата сакана мајка, ќерка и сестра

ЕЛИЗАБЕТА ПОПОВСКА
По тој повод на 1.2.2022( вторник) година во 10 часот ќе го посетиме нејзиниот вечен дом и ќе и оддадеме достојна почит.
Од синот, мајката и братот