СЕЌАВАЊЕ
Се навршува една година од заминувањето на нашиот мил и незаборавен другар

ЉУБЕН ВАСИЛЕСКИ-САРИЧКО
Дипл.маш.инж
Иако на својот животен пат беше многу успешен во својата кариера, и пошироко, тој пред се остана човек со благородно срце, со хумана и ведра душа.
Беше навистина убаво чувството и привилегија да се биде негов другар
Од школската генерација 1948/49 на Охридската гимназија
ШЕСТМЕСЕЧЕН ПОМЕН
Во недела на 17 април 2022 година поминаа шест тажни месеци без нашиот татко и дедо

КИРО КАМЧЕВ
Ве повикуваме во недела во 12.00 часот заедно да го посетиме неговиот вечен дом.
Од семејството.
ГОДИШЕН ПОМЕН
На 16.4.2022 година се навршува една година од смртта на нашиот сакан

ЧАЛО ЧАЛОВСКИ
По тој повод ќе го посетиме неговото вечно почивалиште и положиме свежо цвеќе во 11 часот на Градските гробишта Бутел .
Горди и благодарни сме ти за твојата добрина, внимание и бескрајна љубов.
Почивај во мир
Сопругата Љупка, ќерката Чалика, зетот Слободан и внуката Сара
ЧЕТИРИЕСЕТДНЕВЕН ПОМЕН
Поминаа 40 тажни денови, откако не напушти од овој свет човекот со добра душа и срце,
нашиот сакан син, сопруг, татко и брат

ВИКТОР ПАВЛОВ
(1970-2022)
Тагата е голема. Болката не престанува.
Твоето ненадејно заминување остави бескрајна празнина во нашите животи.
Горди сме што те имавме и благодарни за се што со волја, љубов и силен дух до последен здив го правеше за нас.
Со гордост и почит те носиме во мислите, со љубов те чуваме во срцето.
Поменот ќе се одржи во петок, на ден 15.04.2022 година, во 12 часот на Градските гробишта Бутел.
Со почит и љубов од твоите најсакани
ШЕСТМЕСЕЧЕН ПОМЕН
Им соопштуваме на сите роднини и пријатели дека на 16.04.2022 година, на градските гробишта во Бутел со почеток од 12.00 часот, ќе се одржи годишен помен на нашиот драг, многу сакан и почитуван Бубе.

АРСОВСКИ ЉУПЧО - Бубе
09.07.1947 - 22.04.2021
Со нас, покрај нас и во нашите срца остануваш засекогаш. Почивај во мир мил наш!
Твоите Ружа, Ели и Александар