врати се на Слободен Печат

ТАЖНО СЕЌАВАЊЕ

ИГОР ШУМАНОВСКИ

Наш најмил. Дваесет години недостигаш, но се што доживеавме те чува од заборав.

Фамилија Бојковски

ТАЖНО СЕЌАВАЊЕ

Дваесет години без нашиот син, брат и вујко

ИГОР ШУМАНОВСКИ-ШУМАН

15.7.2002-15.7.2022

Дваесет години без твојата насмевка, збор, поддршка, дружба, љубов. Но, твојот лик, дело и се што доживеавме заедно те чуваат од заборав. Недостигаш неизмерно.

Од родителите, сестрите и внуците

ШЕСТМЕСЕЧЕН ПОМЕН

ПАТРНОГИЌ МИРОСЛАВ

Текстилен инжинер

Душо моја,

Разделбата боли, а јас немам сила да те заборавам сеуште, а тоа не го сакам ниту пак го можам бидејќи вистинската љубов до вечност трае, од се срце се прима и дава.

Многу среќни години поминавме заедно, а тоа останува во сеќавање засекогаш.

Имаше многу радост, но понекогаш и тага, но секогаш надминувавме се благодарејќи на нашата голема и искрена љубов, поддршка и доверба.

Засекогаш твоја Љиљана

ЕДНОГОДИШЕН ПОМЕН

Измина една година откако не напушти нашиот сакан сопруг, татко и дедо

АНДОН МАЛИНОВСКИ

Поменот ќе биде во сабота на 16.7.2022 година во 10:30 часот на Градските гробишта Бутел .

Од сопругата Данче, ќерките Маја и Лиле, зетовците и внуците