врати се на Слободен Печат

ДВОГОДИШЕН ПОМЕН

Се навршуваат две години од смртта на нашиот сакан сопруг, татко и дедо

РИСТО РИЧЛИЕВ

По тој повод, на 06.08.2022 година во 09:00 часот ќе го посетиме неговиот вечен дом на Градските гробишта Бутел да положиме свежо цвеќе.

Те носиме во нашите срца и мисли. Почивај во мир.

Од семејството.

СЕЌАВАЊЕ

На ден 5.8.2022 година се навршуваат 27 години од смртта на нашиот сопруг, татко и дедо

Проф. Д-р ВУЛНЕТ СТАРОВА

Големите луѓе како тебе вечно живеат, те красеше чесност, хуманост и љубовта кон луѓето.

Сопругата Милена и ќерката Розана со семејството

СЕЌАВАЊЕ

На 05.08.2022 се навршуваат 20 години од смртта на

Др. ПАВЛЕ ПОПОВСКИ

Примариус по Медицина на трудот

Многу често се потсеќаме на неговиот ведар дух и чувството за хумор, на неговата благородност, добрина и ширина, на неговата постојана спремност да помогне со совет како мудар човек или како доктор со своето неверојатно искуство и талент во најразлични области на медицината, на неговата гостоприемливост и дружељубие

Иван Поповски

ТРИГОДИШЕН ПОМЕН

Изминаа три години откако нѐ напушти нашиот сакан и почитуван татко, свекор и дедо

Прим. Д-р МИЛАН МИЛАНОВ

Поменот ќе биде во сабота на 06.08.2022 година во 10:30 часот во црквата Свети Јован Крстител во Скопје.

Од семејството