ЧЕТИРИЕСЕТДНЕВЕН ПОМЕН
На 18.08.2022 (Четврток) одминуваат 40 тажни денови откако нашиот мил дедо, татко и сопруг не напушти, но сеуште е со нас преку сеќавањата, мислите и емоциите што неговата животна енергија ја остави во сите нас…

Проф. Др. ГЕОРГИ ЧАДЛОВСКИ
По тој повод ќе одржиме помен на неговото вечно почивалиште на Градските гробишта Бутел
Од семејството
ПЕТГОДИШЕН ПОМЕН
На 17.8.2022 година се навршуваат пет години од трагичната смрт на нашата сопруга, мајка, баба

МАРИКА ПОПЕВА
По тој повод на ден 17.8.2022 година ќе го посетиме нејзиниот вечен дом.
Маре, поминаа пет години како не напушти. Секојдневно те споменуваме, и многу ни недостасуваш. Пусто е без тебе без твојот глас, без твојот осмех, без твоите прекрасни очи кои сите ги пленеше.
Сите нас несебично не сакаше ама ние сите тебе силно те обожававме.
Спиј во мир душо наша мила.
Од сопругот Гоце, ќерката Дани, зетот Раде и твоите ангели Ана и Лука.