ШЕСТМЕСЕЧЕН ПОМЕН
На нашиот мил, сакан, почитуван и никогаш незаборавен син, сопруг, татко и брат

ВИКТОР ПАВЛОВ
(1970-2022)
Деновите се нижат, тагата е неизмерна. Ни одлета така брзо, нечујно… сеуште не сме свесни дека те нема.
Насекаде околу нас е присутна твојата широка насмевка и ведрина, одекнуваат твоите зборови полни со милост, топлина и љубов.
Додека постоиме и дишеме, Ти си нераскинлив дел од нас.
Поменот ќе се одржи во сабота на ден 03.09.2022 година, во 10 часот на Градските гробишта Бутел.