СЕЌАВАЊЕ
на саканиот татко, дедо и прадедо

Проф. МИЛАН ГЕОРГИЕВСКИ
Поминаа 4 години како не си меѓу нас, но годините не можат да ги избришат спомените за тебе. Многу ни недостасуваш… Почивај во мир.
Ќерката Бети со семејството
ЕДНОГОДИШЕН ПОМЕН
Се навршува една година од смртта на нашата драга

ЉУБИНКА ШАТУЛЕНКО
Поменот ќе се одржи на 25 февруари 2023 година во 12:30 часот на Градските гробишта Бутел.
Лиле и Бранко со фамилијата
ТАЖЕН ПОМЕН

МАРИЈА СЕРАФИМОСКА - ГРЧЕВА
Мила Маре, разговарам со тебе и те гледам, сѐ така позитивна и насмеана. Во срце те чувам.
сестра ти Драгица
ТАЖЕН ПОМЕН
Помина една година откако не се со нас, но не помина ниту еден ден без тебе во нашите мисли

МАРИЈА СЕРАФИМОСКА - ГРЧЕВА
Во сабота на 25 февруари ќе се собереме сите заедно, во 12 часот на твојот вечен дом, на грoбиштата Бутел, да си спомнеме колку извонредна беше ти.
Од фамилијата
ТАЖЕН ПОМЕН

МАРИЈА СЕРАФИМОСКА - ГРЧЕВА
Драга наша Маре, Времето изминува, но спомените за заедничките мигови во нашите животи не избледуваат. Тие спомени ке живеат се дури постоиме. Многу ни недостасуваш.
од твоите Мими со ќерката Наташа и синот Андреја со нивните семејства.
ЕДНОГОДИШЕН ПОМЕН
Измина една година на неизмерна тага и огромна болка од ненадејната смрт на нашиот сакан сопруг, татко, син, брат

ВИКТОР ПАВЛОВ
(1970-2022)
Една долга и тажна година откако не си со нас. Година исполнета со сеќавања на човекот кој ни подари чесност, добрина и љубов кон блиските и животот.
Твојот лик, благородна душа и срце засекогаш ќе бидат врежани во нашите сеќавања, вечно ќе ги споменуваме и чуваме се додека постоиме.
Горди сме што те имавме.
По тој повод ќе го посетиме неговиот вечен дом на 25.02.2023 година (сабота) во 11:00 часот на Градските гробишта Бутел и ќе му оддадеме достојна почит и благодарност за се што сторил за нас.
Со почит и љубов од твоите најсакани