врати се на Слободен Печат

СЕЌАВАЊЕ

На ден 24.4.2023 година се навршуваат 6 години како Ти го остави своето гнездо кое Ти го створи, во него испили пилиња, ги израсте и образува, кога требаше да се радуваш на нивните успеси Tи замина, не се врати и никогаш нема да се вратиш, оставајќи ги своите мили да тагуваат и да жалат по Tебе.

ЉУБИЦА КОРУНОВСКА

Мила Љубице, Твојата слика и Твојот дух стојат на масата во дневната соба опкружени со свежи цвеќиња. Цвеќето кое Tи го купи, ја прегрнало Tвојата слика во спалната соба и цврсто ја чува.

Твојот вечен дом го посетуваме секој празник и секој викенд. Носиме цвеќе, палиме свеќа, ја бакнуваме Tвојата слика на каменот и очекуваме да се појавиш да те видиме.

Со насолзени очи и нажалено срце заминуваме со мисла дека идниот викенд ќе те видиме.

Почивај во мир, мила и сакана Љубица.

СЕЌАВАЊЕ

ТОДОРОВСКИ ИЛИЈА

10 години

Вечен спомен од фамилиите Стојановски и Тодоровски

СЕЌАВАЊЕ

ТОДОРОВСКА МИТРА

20 години

Вечен спомен од фамилиите Стојановски и Тодоровски

СЕЌАВАЊЕ

СТОЈАНОВСКИ ЗЛАТЕ

10 години

Вечен спомен од фамилиите Стојановски и Тодоровски

СПОМЕН

На нашата сакана сопруга, мајка и баба

СЛАВА ДАНЕВА

1944-2012

Од сопругот Mихо, ќерките Анета и Корнелија со семејствата

ДВЕ ГОДИШЕН ПОМЕН

Им соопштуваме на сите роднини и пријатели дека на ден 21.4.2023 година, на Градските гробишта Бутел со почеток од 12.00 часот, ќе се одржи две годишен помен на нашиот драг, многу сакан и почитуван

АРСОВСКИ ЉУПЧО – Бубе

09.07.1947 - 22.04.2021

Со нас, покрај нас и засекогаш во нашите срца. Почивај во мир!

Твоите Ружа, Ели и Александар

 

СЕЌАВАЊЕ

МИХАИЛ МИЦЕ ГАГАЛЕСКИ ГАГАЛЕ

1921-2003

Почивај во мир
Даме Гагалески со фамилијата