СЕЌАВАЊЕ
МЕРИ ШЕКЕРОВА
Останува незаменливо Твоето место на сестра и тетка во нашите животи.
Осиромашени за една безусловна љубов, искреност и добрина.
Твои Гордана и Ана Гацеви
НЕПРЕБОЛ
Две години на неизмерна тага и огромна болка, без нашата најмила мајка, свекрва и баба
МЕРИ ШЕКЕРОВА
Времето минува, болката е огромна, празнината ненадоместлива.
Мила мамо, споменот за тебе, твојата широка насмевка, очи полни со љубов и топлина, твојата добрина засекогаш ќе ги греат нашите срца.
Колку ли само ќе беше горда на своите внучиња Марио и Лука и успесите кои денес ги постигнуваат на сите полиња….
Ти им го трасираше патот на трудољубивоста, љубовта кон науката, љубопитноста, знаењето.
На сите нам ни беше патоказ на чесноста, добрината, човечноста.
Засекогаш ќе живееш во нашите срца, твојот светол лик и твоите дела вечно ќе те чуваат од заборав.
Со љубов и почит засекогаш твоите Ѓоко, Боркица, Марио и Лука
ДВЕГОДИШЕН ПОМЕН
На 1.7.2023 година се навршуват две години откако не напушти нашата сакана мајка, свекрва и баба
МЕРИ ШЕКЕРОВА
(1948 – 2021)
По тој повод на 1.7.2023 год. (сабота) во 11:00 часот, ќе го посетиме нејзиниот вечен дом на Градските гробишта во Бутел, да оддадеме почит и положиме свежо цвеќе.
Горди сме што те имавме и секогаш ќе бидеш со нас.
Со љубов и почит синот Ѓорѓи, снаата Боркица и внуците Марио и Лука