ЕДНОГОДИШЕН ПОМЕН
на нашиот најдраг дедо, татко и сопруг кој болно ни недостасува
Проф. Др. ГЕОРГИ ЧАДЛОВСКИ
(1.3.1943-9.7.2022)
По тој повод во недела (9.7.2023) во 12:00 часот ќе го посетиме неговото вечно почивалиште за да му оддадеме почит за неговиот голем живот, несебичната љубов и грижа кон нас и неговото вечно дело кое продолжува да живее во сите нас што го познававме…
Од семејството
ЕДНОГОДИШЕН ПОМЕН
Измина една година откако нѐ напушти нашата сакана и почитувана мајка, свекрва и баба
РАДМИЛА МИЛАНОВА
Поменот ќе биде во недела на 9.7.2023 година во 10:00 часот на Градските гробишта Бутел.
Од семејството
ПЕТНАЕСЕТ ГОДИНИ НЕПРЕБОЛ
Проф. КАМЧЕ СТОЈАНОВ
(13.7.2008-13.7.2023)
Остануваш засекогаш со нас, во нашите мисли, срца и сеќавања…
Од сопругата Рахилка, ќерката Катерина и синот Кирил со семејствата
ЕДНОГОДИШЕН ПОМЕН
Ги известуваме сите роднини и пријатели дека изминува една година од прераното физичко заминување на нашата сакана сестра, тетка и баба
СВЕТЛАНА НИКОЛИЌ
И по нејзиното прерано физичко заминување, нејзината светлина остана во нас. Таа светлина ќе продолжи да живее и во тие што ќе останат по нас. Поменот ќе се одржи на 8 јули 2023 година (сабота), со почеток во 11 часот, во црквата “Св. Димитрија” во Скопје.
Сестрата Љиљана со семејството
ЕДНОГОДИШЕН ПОМЕН
на нашиот драг татко, дедо и свекор
МИЛАН МИШО АНАСТАСОВ
По тој повод во недела(9.7.2023) во 9.30ч. ќе го посетиме неговото почивалиште за да му оддадеме почит за неговата несебична љубов и грижа кон нас.
Од семејството