ПОМЕН
ПРЕДРАГ ФРАНОВИЌ
1939-2023
Поминаа четириесет дена, но вечно ќе те носиме во нашите мисли и срца. Ни остави прекрасни спомени и љубов што засекогаш ќе останат во сите нас.
Поменот ќе се одржи во вторник на ден 25.7.2023 од 09:00 часот на Градските гробишта Бутел.
Почивај во мир.
Од ќерките Елена и Даница со семејствата
ЧЕТИРИЕСЕТДНЕВЕН ПОМЕН
На нашиот сакан сопруг, татко и дедо
Дипл. Арх. Инг. ДИМИТРИЈА ТРАЈЧЕСКИ
Ги покануваме сите роднини и пријатели на ден 26.7.2023(среда) со почеток во 10 часот да присуствуваат на четириесетдневниот помен во Соборниот храм Свети Климент Охридски во Скопје , за да му оддадеме последна почит и заеднички да го испратиме во вечноста.
Ќе те носиме секогаш во нашите срца.
Од сопругата Ефка, синот Виктор, ќерката Радица, зетот Сашо и внуките Михаела и Мила
ШЕСТМЕСЕЧЕН ПОМЕН
ДУШИЦА ЏИНЛЕСКА
7.3.1938-22.1.2023
,
СЕЌАВАЊЕ
МАРИКА ПАУНОВСКА
Пет години болка, тага и разочарувања се претопија во едно, ги здружија силите во мисија да ги замразиме картите што ни ги подели судбината. Ти беше личноста што секогаш не водеше во вистинска насока и не советуваше секогаш да ѝм веруваме на сопствените инстинкти.
Почивај во мир.
Синот Иво, снаата Лидија и внуците Лука и Ина
СЕЌАВАЊЕ
МАРИКА ПАУНОВСКА
Пет години те нема, но ти остана да живееш во нашите срца. И уште си тука, со нас, секој ден. Пет години морници од тага еруптираат во нашите тела. Сѐ не боли, но ние ја прегрнуваме болката. Ти беше нашиот живот, нашиот компас, нашата ѕвезда северница, која сѐ уште свети и ни го покажува патот.
Почивај во мир.
Синот Игор, снаата Дафина и внукот Борис
СЕЌАВАЊЕ
МИКА
Поминаа пет години откако замина во вечноста, изгаснувајќи го сонцето на моето небо. Пет години празнината на твоето отсуство одекнува со морничаво ехо во моето срце, а датумот 22.7.2018 година виси како некој ангел на смртта на мојот календар. Во сите мои книги, во секој мој збор, во секоја точка, се криеш ти како полен. Сѐ што напишав во моите книги, е во твој знак. Ах, Мика, ми останува само надежта дека наскоро ќе легнам во твојот гроб и тогаш ќе ти летнам во пресрет, ќе те фатам и ќе останам со тебе во вечна преград пред лицето на бесконечниот. Споени од смртта во рајот, наскоро пак ќе се сретнеме љубов моја, и пак ќе бидеш моја! Моја засекогаш!
МАРИКА ПАУНОВСКА
Вистинската љубов живее и по смртта.
Почивај во мир, жено моја.
Сопругот Борис
СЕЌАВАЊЕ
на нашата
ДАНИЦА ХРИСТОВА
2020-2023
Поминаа три години, но вечно ќе те носиме во нашите мисли и срца. Почивај во мир.
Семејство Христов