ПОСЛЕДЕН ПОЗДРАВ
МИЛОРАД АНТЕВСКИ- РАЦО
Засекогаш ќе останеш во нашите мисли и срца.
од семејството Антевски
ДВЕГОДИШЕН ПОМЕН
На 5.4.2024 година се навршуваат 2 години откако нè напушти нашиот сакан татко, свекор и дедо
ТАШИ ШЕКЕРОВ
(1947 – 2022)
По тој повод, на 30.03.2024 год.(сабота) во 11:00 часот, ќе го посетиме неговиот вечен дом на Градските гробишта во Бутел, да оддадеме почит и положиме свежо цвеќе.
Горди сме што те имавме и засекогаш ќе те чуваме во нашите срца.
Со љубов и почит синот Ѓорѓи, снаата Боркица и внуците Марио и Лука
ЕДНОГОДИШЕН ПОМЕН
На 30.3.2024 поминува една година откако не напушти нашиот сакан татко и свекор
АНГЕЛ АНДРЕЕВСКИ
Сеќавањата на тебе, твојата грижа и љубов која неуморно ни ја даваше вечно остануваат во нашите срца и мисли.
Многу ни недостигаш мил наш.
Со љубов и почит од синот и снаата
ГОДИШЕН ПОМЕН
Помина една година, полна со тага и болка по тебе мил наш
АНГЕЛ АНДРЕЕВСКИ
Ангелу наш, сепак сме горди што те имавме како добар човек, сопруг, родител и дедо.
Поменот ќе се одржи на 30.3.2024 (сабота) во 12 ч. на гробиштата во Бутел.
Со љубов од сопругата со семејството
ГОДИШЕН ПОМЕН
На 30.3.2024 (сабота) се навршува една година од смртта на нашата мила и сакана мајка, баба и прабаба
ВЕРА ДОМАЗЕТОВСКА
По тој повод на 30.3.2024 (сабота) во 11.30 часот ќе го посетиме нејзинот вечен дом на Градските гробишта Бутел и ќе и´ оддадеме достојна почит.
Со неизмерна љубов и почит ,
синовите Зоран и Драган со семејствата