СЕЌАВАЊЕ
ЉУБИЦА КОРУНОВСКА
На ден 24.4.2024 година се навршуваат 7 години како Ти го остави своето гнездо кое Ти го створи, во него испили пилиња, ги израсте и образува, кога требаше да се радуваш на нивните успеси Ти замина, не се врати и никогаш нема да се вратиш, оставајќи ги своите мили да тагуваат и жалат по Тебе.
Мила Љубице, твоето гнездо се намножи со повеќе пилиња и во него има радост и веселба,
и повремено сеќавање на Тебе.
Твојата слика и Твојот дух стојат на масата во дневната соба опкружени со свежи цвеќиња. Цвеќето кое Ти го купи, ја прегрнало Твојата слика во спалната соба и цврсто ја чува.
Твојот вечен дом го посетуваме секој празник и секој викенд. Носиме цвеќе, палиме свеќа, ја бакнуваме Твојата слика на каменот и очекуваме да се појавиш да Те видиме.
Со насолзени очи и нажалено срце заминуваме со мисла дека идниот викенд ќе те видиме.
Почивај во мир, мила и сакана Љубица