ШЕСТМЕСЕЧЕН ПОМЕН
на нашиот брат

ИВАН ТОПУЗОВСКИ
Поминаа шест тажни и болни месеци од твоето заминување засекогаш брате.
По тој повод на 25.6.2024 (вторник) во 9 и 30 часот на гробиштата во Бутел ќе го посетиме неговиот вечен дом за да му оддадеме достојна и заслужена почит на нашиот мил брат и да положиме свежо цвеќе.
Вечно ожалостени сестрата Темјана и братот Павле
ПОСЛЕДЕН ПОЗДРАВ
на почитуваниот
ЃОКО ТОЗИЈА
од Костадинка Мартиновска, Марика и Слободан Каранфилови со семејствата
ТАЖНО СПОМНУВАЊЕ
Минаа месеци
Мина година прва
Мина година втора
Мина година трета
ОТКАКО СИ ЗАМИНА И НЕ ОСТАВИ ДА ТАГУВАМЕ

МИРКА
Ристо, Сандра, Игор
ШЕСТМЕСЕЧЕН ПОМЕН
На 23. 6.2024 год.(недела), се навршуваат 6 (шест) месеци од смртта на нашата сакана мајка и баба

СОФИЈА ЛУЗЕВСКА
1939-2023
По тој повод ќе го посетиме нејзиниот вечен дом на Градските гробишта Бутел и ќе оддадеме достојна почит.
Поменот ќе се одржи во 10 часот на 23.6.2024 година.
Секој ден си присутна во животот и мислите на твоите ќерки.
Со почит,
од ќерките Грета Лузевска и Виолета Лузевска Србиновска