врати се на Слободен Печат

ЧЕТИРИЕСЕТДНЕВЕН ПОМЕН

На 28.6.2024 година (петок) се навршуваат 40 (четириесет) дена од смртта на нашата сакана, драга и почитувана сестра, тетка, баба и прабаба

проф. Магдалена Групче

1929-2024

Без разлика на годините, болката при разделбата со саканата личност е секогаш голема. Ти ќе останеш засекогаш присутна во нашите мисли и срца

Со љубов и почит,

Од семејството

ТРИГОДИШЕН ПОМЕН

На 1.7.2024 година се навршуваат 3 години откако не напушти нашата сакана мајка, свекрва и баба

МЕРИ ШЕКЕРОВА

(1948 – 2021)

По тој повод, на 28.6.2024 год.(петок) во 11:00 часот, ќе го посетиме нејзиниот вечен дом на Градските гробишта Бутел, да оддадеме почит и положиме свежо цвеќе.

Споменот за Тебе е највредниот дар што засекогаш ќе го носиме во нашите срца.

Љубовта што ни ја подари, твојата добрина и пожртвуваност, Те прават незаборавна и вечна!

Со љубов и почит синот Ѓорѓи, снаата Боркица и внуците Марио и Лука

ЕДНОГОДИШЕН ПОМЕН

Се навршува една тажна година од смртта на нашиот сакан татко и дедо

Проф. д-р ВЛАДО ТИМОВСКИ

По тој повод, ќе го посетиме неговиот вечен дом на 29.6.2024 (сабота) во 10 часот на гробиштата во с. Ново Коњарево, Струмичко за да оддадеме достојна почит.

Од ќерката Ана, зетот Мите, внуците Анџела, Милан, Владимир и сваќата Живка